Додека таткото не гледа, којот се обиде да му ја грабне 2-годишната ќеркичка

Инцидентот се случи во Лос Анџелес, Калифорнија, САД. Безбедносна камера го сними моментот кога 2-годишно девојче беше нападнато од којот. На видеото можеме да го видиме моментот кога таткото беше расеан неколку секунди, додека животното се приближи и го одвлече девојчето. Таткото го слушна врескањето на ќерката и истрча да ја спаси и да го избрка животното.

Детето се здобило со гребаници и длабока рана на ногата, а на крајот било однесено во болница за да прими вакцина против беснило.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *