Доказ за решителност или неодговорност? Со пукнат водењак отишла на дипломирањето затоа што била решена дека ништо нема да ја спречи да го исполни својот сон
Келси Худи била решена дека раѓањето на нејзиното дете нема да го одложи нејзиниот сон. Па така 38 недела бремена и со пукнат водењак сепак отишла да ја земе својата диплома и да знае дека е дипломирана пред воопшти да стане мајка.
„Ништо нема да ме спречи, дури и ако го имам бебето и треба да ја држам во раце“. И таа го направила тоа.

За да се осигура дека сè ќе помине без проблеми и дека идната мајка и бебето на крајот се добро, претседателот на училиштето, Расел Кавалхуна, се согласи Келси порано да се појави на сцената. „Само ќе ја качиме на сцената, ќе ѝ ја врачиме дипломата и излегуваме“, одлучи Кавалхуна.

Во својот говор, директорот рече: „Луѓето кој завршуваат на нашиот факултет имаат цврстина. Имаат упорност, а оваа студентка го докажа тоа. Таа ни рече: „Ќе ја поминам таа фаза и покрај фактот дека сум бремена 38 недели. Јас сум со пукнат водењак и не можам да чекам да држите говор, туку ми треба побрзо да ја земам дипломата“.

Бебето Најла се роди здраво. А Келси има порака за сите кои биле импресионирани од нејзината цврстина: „Само не се откажувај, тоа е само најголемата работа. Не се откажувај. Ако имаш цел, исполни ја“.
И многумина се сложуваат дека нејзиното девојче сигурно ќе порасне со бенефитот да биде воспитана од толку силна мајка. Додека пак некои велат мајката го ризикувала нејзиното здравје и здравјето на бебето и дека тоа покажува неодговорност. Што мислите вие?

Коментирај анонимно