Докторката ќе ви каже како да уживате во пијачката за новогодишната ноќ, а наредното утро да не ве боли глава

Докторка откри пет начини на кои можете да го минимизирате мамурлакот оваа новогодишна ноќ и зошто треба да се воздржите од шампањ или „сѐ што има меурчиња“ ако сакате да се разбудите свеж.

Водечкиот диететичар од Харли Стрит, д-р Меган Роси, од Квинсленд, го истакна истражувањето кое покажа зошто алкохолот со меурчиња во него е кошмар за вашиот црн дроб и крвотокот. Австралискиот стручњак ги сподели и нејзините други совети за „да се максимизира забавата и да се минимизира мамурлакот оваа новогодишна ноќ“.

1. Подгответе ги цревата

Првото нешто што д-р Меган Роси го кажа дека ќе ви помогне во вашата потрага да се забавувате и да се разбудите со добро чувство на 1 јануари е ако „ги подготвите микробите во цревата за да можат да ве заштитат“.

„Ако вашите цревни микроби се во добра форма, поголема е веројатноста да произведат повеќе т.н путерна киселина, што може да му помогне на телото подобро да ги издржи антиинфламаторните ефекти на алкохолот“, објави д-р Роси на Инстаграм.

За да им помогнете на цревата, таа препорачува пред и после секоја забава, да уживате во „хранливи јадења богати со растенија како, тавче гравче“. Таа рече дека тоа „исто така ќе ги задоволи желбите за солено и јаглехидрати наредното утро“.

2. Избегнувајте меурчиња

Покрај ова, д-р Роси рече дека е одлична идеја ако не пиете ништо со меурчиња во него „бидејќи веројатно ќе ве натера да се чувствувате полошо“.

„Истражувачите од Медицинскиот истражувачки центар HPRU во Гилдфорд им дадоа на волонтерите газиран и негазиран шампањ. Оние на кои им беше даден газиран, побрзо се опијанија“, рече таа.

„Тоа е затоа што меурчињата предизвикуваат алкохолот побрзо да се апсорбира во вашиот крвоток, надминувајќи ја способноста на вашиот црн дроб да го вари со таква брзина“.

Д-р Роси додаде: „Колку е поголема концентрацијата на алкохол во крвта, толку е потоксично влијанието“.

Подобро е да се придржувате до алкохолни пијалоци како вино и да ја ограничите потрошувачката на Prosecco и други газирани алкохоли.

3. Внимавајте на пијалоци со вештачки засладувачи

Д-р Роси рече дека коктелите со вештачки засладувачи никогаш не се добра идеја.

„Една студија од Универзитетот Северен Кентаки покажа дека ако пиете вотка и диетален сок или вотка и обичен сок, верзијата на „диетална“ всушност доведува до 25 отсто поголема концентрација на алкохол во крвта“, рече таа.

Уште подобро, д-р Роси рече дека можете целосно да ги исклучите зашеќерените газирани пијалоци со замрзнати бобинки и газирана вода. „Ако го направите ова уште повеќе ќе ја забавите апсорпцијата на алкохолот“, рече таа.

4. Јадете пред да пиете

Звучи едноставно, но сепак толку многу луѓе не успеваат да изедат нешто час или два пред подолг период на пиење.

„Приоритет да јадете храна пред да пиете и за време на ноќно излегување, секогаш прво јадете храна за да ја забавите апсорпцијата на алкохолот и да му дадете на црниот дроб шанса да продолжи“, рече д-р Роси.

Нешто што е богато со протеини често е добар повик пред ноќно излегување.

 

5. Останете хидрирани

Конечно, д-р Роси објасни дека да се остане хидриран пред, за време и после пиење е клучот за успешна ноќ. Таа препорачува секој втор пијалок да биде безалкохолен како газирана вода со замрзнати бобинки или комбуха.

„А ако се случи најлошото и завршите со мамурлак, секогаш можете да пробате пијалок со електролити, кој содржи соли како што е калиум и може да ви помогне подобро да апсорбирате течност додека се рехидрирате“, рече таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *