„Домот не е никогаш празен“. Брачен пар кој има 22 деца, очекува нов член да му се придружи на нивното семејство наскоро

Семејството Редфорд, кое брои вкупно 24 члена, се воодушевени што ќе добијат ново куче милениче, кое ќе им се придружи на нивните четири други миленичиња, Арло, Лола, Ајви и Блубел.

Објавувајќи симпатична слика од кучето што тие го избраа, на нејзиниот профил на „Инстаграм“, Сју напиша: „За две недели ќе ја земеме оваа убавица!“

Сју и Ноел Редфорд, имаат 22 деца, 4 кучиња и 2 зајачиња наречени Орео и Питер, од кои редовно споделуваат фотографии на нивните профили.

Тие се среќно семејство, кое живее во поранешен дом за нега на стари и има повеќе од 10 спални соби. Поради ова вдомувањето на уште едно животно не е никаков проблем за нив, напротив претставува огромна среќа!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *