„Доналд Трамп има сифилис или тоа е само кечап?“ Конечно откриена причината за раните на раката на Доналд Трамп, кои беа видени пред неколку дена

Конечно се откри причината за раните на рацете на Доналд Трамп, кои беа забележани додека тој ја напушташе кулата „Трамп“ рано во средата на пат кон судењето за клевета на Е. Џин Керол оваа недела.

 

 

Исечените раце доведоа до голем број шпекулации на социјалните мрежи, при што некои тврдеа дека тоа е резултат на сексуално пренослива инфекција, некои рекоа дека тоа е црвено мастило од строго тајни документи, додека други рекоа, поради љубовта на поранешниот претседател кон брзата храна, дека тоа е кечап.

 

 

Во изјавата за „ТМЗ“, претставници на Трамп рекоа дека причината за повредата биле исеченици од хартија. Неколку часа откако беа направени фотографиите на кои се гледа раката, Трамп повторно се појави без дамки. Понатаму немаше знаци на повреда кога Трамп застана покрај својата сопруга на погребот на нејзината мајка во Флорида во четвртокот.
Џими Кимел алудираше на идејата дека раните се поврзани со инфекција и се повика на претходната изјава на Трамп во која тој рече дека избегнувањето на сексуално преносливи болести е негов „личен Виетнам“.

 

 

„Но, ако има сифилис, тоа би значело дека единствениот Виетнам што го избегнал е Виетнам“, се пошегува Кимел.

Комичарот продолжи да се шегува дека Меланија не треба да се грижи бидејќи парот не спиеле заедно откако Барон е роден во март 2006 година.
Социјалните мрежи многу се забавуваа со теориите за раните.

Повикувајќи се на портокаловата нијанса на неговото лице, едно лице претпоставува дека бизарните траги на неговите раце мора да бидат од фарбата со којашто се фарба Доналд.

Друго лице се пошегува: „Премногу крофни“.

Други рекоа дека црвениот остаток на неговите раце можеби е од црвеното мастило на строго тајните документи – додека луѓето на интернет се шегуваа дека тој ги изгорел рацете додека се обидувал да ја витка косата пред судот во средата наутро.

 

  • dimce напиша:

    Jas mislam deka treba da ja smeni malce rakata za podolg “”rucni rad”’

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на dimce Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *