Доналд Трамп се „смилува“ и нема да го депортира Принцот Хари, велејќи дека тој и онака си има проблеми со неговата жена, затоа што е УЖАСНА
Доналд Трамп изјави дека нема намера да го депортира принцот Хари од САД, но ја искритикува неговата сопруга Меган Маркл. Во интервју за „New York Post“, Трамп рече: „Ќе го оставам на мир. Веќе има доволно проблеми со сопругата. Таа е ужасна“.
Меган Маркл и Доналд Трамп имаат долгогодишна контроверзна историја. Трамп ја нарече Меган „некултурна“ во 2019 година, додека таа го опиша како човек што го разделува народот. И покрај тоа, Трамп изјави дека мисли дека братот на Хари, Вилијам, е „голем млад човек“.
Сепак, имграциониот статус на Хари е предмет на судска постапка, бидејќи „Heritage Foundation“ тврди дека тој можеби скрил информации за користење дрога, што би можело да го оневозможи добивањето виза. Во неговите мемоари „Spare“, Хари признава дека како тинејџер пробал кокаин, канабис и халуциногени печурки.
Трамп претходно сугерираше дека Хари би можел да биде депортиран ако се докаже дека лажел за употребата на дрога. Судот во Вашингтон сега разгледува можност за делумно објавување на неговите имиграциони документи.
Не е јасно каков тип виза има Хари – дали е на дипломатска виза, зелена карта или друг статус. Во февруари 2023, тој изјави дека размислува за американско државјанство, но тоа не му е приоритет.
Во меѓувреме, Меган Маркл неодамна изјави дека се чувствува „како дома“ во Канада, каде што првично живееле пред да се преселат во Калифорнија. Таа зборуваше на настан во рамките на „Invictus Games“, пофалувајќи ја посветеноста на Хари на спортските натпревари за воени ветерани.
Коментирај анонимно