Дошол полицаец од МВР кај интернист на преглед (виц)
Дошол еден полицаец од МВР кај интернист на преглед – го фатила некоја мака и никако да му помине.
Докторот го прегледал, му напишал наод, дијагноза и терапија, а бидејќи бил во брзање, му подал неколку празни рецепти и му рекол:
– Еве ти ги рецептиве, ако не ти е проблем, дај ѝ ги на сестрата да ти ги пополни.
Полицаецот ги зел рецептите и си заминал.
Следниот ден повторно се појавил во ординацијата – уште поблед, изморен и во полоша состојба од претходниот ден.
Го погледнал докторот и скршено му рекол:
– Докторе… може ли ова некако поинаку?
– Што е проблемот?
– Па сестра ми живее во Германија…


Коментирај анонимно