Доџа Кет изненади во својот изглед на модната недела во Париз, кадешто помина 5 часа во припреми за да биде ПОТОПЕНА во црвена боја и 30 000 „Сваровски“ кристали!

Таа е позната по своето чудно чувство за стил.

И така, Доџа Кет не разочара кога пристигна на ревијата на „Скиапарели“, исполнета со ѕвезди, за време на модната недела во Париз во понеделникот.

 

 

Пејачката (27) го привлече вниманието обоена во црвена боја од глава до пети и го комплетираше смелиот изглед покривајќи го своето тело со 30.000 кристали Сваровски.
Облеката – за која беа потребни пет часа за да се усоврши – исто така имаше црвен сатенски корсет заедно со раскошно здолниште со мониста и чизми до колена.

 

  

„Schiaparelli“ е основан во 1927 година од страна на Елса Скиапарели, која сега е позната по своите неконвенционални теми чија етикета ја носеа Бијонсе и Ким Кардашијан.

 

Шминкерот Пет Мекграт изјави за „Vogue“: „Соработката со неспоредливо талентираните Доџа Кет и Даниел Роузбери беше апсолутно задоволство. Нејзиното трпение и посветеност додека седеше со тимот и мене четири часа и 58 минути за да го постигнеме создавањето, покриено со преку 30.000 рачно нанесени кристали Сваровски, беа навистина инспиративни“.

 

За време на минатогодишната модна недела во Париз, хитмејкерката се појави обоено во златно.

 

  • Pero напиша:

    na koja droga e…
    de neka se jave na zoKe nash, on ke i dade prirodna , ili na viCto, dodusa viCto ke saka edno evro za nego, ama barem, kvalitet nude

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.