Дознајте нешто повеќе за тајната љубовна приказна на Енрике Иглесијас и Ана Курникова, која прерасна во прекрасен брак кој трае веќе 21 година

Енрике Иглесијас и Ана Курникова не се појавуваат на јавни настани, не даваат речиси никакви интервјуа и не објавуваат семејни фотографии на социјалните мрежи (сепак, ова малку се промени во изминатите неколку години). Ова е причината зошто тие важат за еден од најтаинствените парови во шоу-бизнисот. Но, сепак, веќе 21 година тие живеат заедно среќно, имаат 3 деца и се примерен пар за другите познати личности и обичните луѓе.
Ние решивме да дознаеме барем неколку детали за нивната љубовна приказна и дознавме која е тајната на нивната среќна врска.

Пред Ана да го запознае Енрике Иглесијас, таа веќе беше позната тенисерка. И покрај тоа што немаше освоено ниту една титула сингл, до 2000 година стигна до број 8 во светот.

 

Енрике беше доста популарен пејач и во неговата земја, Шпанија и во странство. Неговиот „Bailamos“ беше објавен како сингл и стана хит број еден во САД.

 

Во 2001 година, Иглесијас го издаде својот втор албум на англиски јазик, „Escape“. Дејв Мејерс, режисерот на музичкото видео на првиот сингл, исто така насловен „Escape“, ја покани тениската ѕвезда Ана Курникова да се појави во него. „Таа е независна, убава е, смешна е“, рече подоцна Енрике за неа.

Во видеото има неколку жешки сцени каде Енрике и Ана се бакнуваат. Иглесијас во видеото од зад сцената рекол дека не треба да биде добар актер за да ја бакне Ана и да изгледа веродостојно.

Ова е причината зошто не е изненадувачки што по објавувањето на видеото, печатот веднаш одлучи дека тие се забавуваат. Репортерите постојано се обидуваа да ги фатат заедно. Но, тие никогаш не го потврдија тоа и не се појавија заедно во јавноста.

 

Во 2002 година, Енрике и Ана потврдија дека се во врска, кога заедно се појавија на MTV наградите. Тие се смешкаа и се држеа за раце, за првпат позирајќи како пар на црвениот тепих.

 

Набргу потоа почнале да живеат заедно во Мајами, каде Енрике веќе имал недвижен имот. И навистина напорно се трудеа да ја задржат својата врска подалеку од вниманието на јавноста. Инаку, во сите овие години нема информации дали се во брак или дали некогаш правеле свадба.

Во интервју за „Women’s Health“, Ана рекла: „Бракот не ми е важен. Јас сум во среќна врска – тоа е сè што е важно. Верувам во посветеноста. Верувам во тоа да бидеме отворени и да си веруваме еден на друг и целосно да се почитуваме“.

 

Така, долги години имаше многу гласини околу раскинувањето на Енрике и Ана, но тие никогаш не беа потврдени. Во 2011 година, пејачот рече дека сака неговиот личен живот да биде што е можно поприватен, „А особено кога си со некој кој е исто така познат и во центарот на вниманието“.

Во декември 2017 година, Енрике и Ана ги добија своите први деца, близнаците Николас и Луси. Бременоста на Ана помина незабележано од фановите, а најавата за раѓање деца ја даде Иглесијас за време на неговиот концерт во Будимпешта. Оваа вест ги изненади фановите. „Станав татко пред 12 недели“, им рече тој на толпата. „И јас апсолутно можам да ви кажам две работи, без трошка сомнеж, ги сакам моите бебиња. Всушност, три работи, ја сакам мојата девојка и ве сакам вас момци што бевте овде вечерва“.

Набргу по раѓањето на близнаците, славните родители почнаа да објавуваат шармантни семејни фотографии на своите социјални мрежи. Изгледаше сосема неочекувано, со оглед на тоа колку обично се таинствени.

 

И во јануари 2020 година, Ана роди трето дете, ќерка Мери. Приближно во исто време, таа го додаде „Иглесијас“ на името на нејзиниот профил на „Инстаграм“, со што започнаа гласините дека конечно се венчале.

 

Иако Ана објавила неколку слатки фотографии и видеа со децата и сопругот на социјалните мрежи, тие сè уште не сакаат да им кажат на новинарите сè за нивниот личен живот, како што прават другите познати личности.

Што се однесува до кариерата, Ана се повлече од професионалниот тенис во 2003 година поради сериозни проблеми со грбот и ‘рбетот, вклучително и хернија на дискот. Но, таа играше на повремени ревијални натпревари во двојки. Сега, 41-годишната Ана е американска телевизиска личност.

 

А пејачот која има 47 години се уште објавува нови синглови, настапува на концерти и останува популарен музичар. Ја има почесната титула крал на латино поп музиката.