„Дознав дека мојата најдобра пријателка го направи незамисливото со мојот сопруг на неговата ергенска вечер – и нема да верувате како ја фатив“
Стеф била во брак 18 месеци со нејзиниот сопруг кога ја дознала вистината за нејзината најдобра другарка и воедно старосватица. Тие биле излезени на пијачка и додека зборувале со колку мажи спиеле, најдобрата пријателка на Стеф, Меди, случајно открила дека нејзиниот број се зголемил – иако била со партнерот Џек веќе три години.
Подоцна Стеф се соочила со Меди која во солзи ѝ признала дека спиела со сопругот на Стеф, Том, и дека тоа било грешка.
Чувствувајќи се со скршено срце, Стеф побара совет од австралискиот подкаст „Сите имаат тајна“ и водителките размислуваа.
@everybodyhasasecret you can hear the rest on our most recent episode titled ‘seeking new husband’. link in bio! #everybodyhasasecret #storytime #secret
„Минатата недела мојата најдобра пријателка ми призна дека имала секс со мојот сопруг на неговата ергенска вечер. Како што можете да замислите, уништена сум. Мојот сопруг Том и јас сме во брак 18 месеци и немав апсолутно никаква идеја дека има некои проблеми во нашата врска, а камоли дека тој е способен за вакво ниво на измама.
Стеф ја објасни ситуацијата кога зборувале со колку мажи спиеле. .
„Кога дојде редот Меди да го открие бројот на мажи, таа рече 19 наместо 18. Штом го рече тоа, јас ја поправив. Таа пијан рече „не, туку 19“. Таа во тој момент јасно сфати дека направила грешка, бидејќи се обиде патетично да се врати назад, но беше премногу опиена за да го направи тоа убедливо. Во овој момент помислив дека таа веројатно само се разоткрила дека го изневерувала својот партнер Џек и се засрамила“.
„Малку време подоцна ја тргнав настрана и реков дека нема да ја осудувам ако го изневерила Џек. таа пукна во солзи и немаше никаква смисла, постојано велеше дека тоа е грешка, а јас бев толку збунета“.
Тогаш Меди конечно ја кажа вистината за тоа што го направила и Стеф ѝ удрила шлаканица во лицето пред да замине.
Меди нема да објасни зошто и како завршила да спие со мажот на Стеф. Стеф тврдеше дека се сеќава дека ја замолила Меди да се дружат таа вечер кога Том бил излезен, затоа што „се чувствувала вознемирено“.
„Очигледно лажеше велејќи ми дека е зафатена и дека мора да работи таа вечер. Сакам повеќе детали, но да бидам искрена не можам да зборувам со неа повторно. Ми пишуваше пораки, молеше за прошка и да не му кажувам на нејзиниот партнер Џек што направила.“, напиша Стеф.
Оттогаш Стеф не ѝ одговорила и не планира бидејќи го прекина пријателството. Сега Стеф планира да се разведе од Том и привремено ќе се пресели кај пријател. Чувствувајќи се скршено и збунето, Стеф не е сигурна како да се справи со катастрофалната ситуација.
„Не му кажав на Том дека знам бидејќи сето ова се случи додека тој беше отсутен на меѓународно работно патување, па не планирам по телефон. Ќе го оставам. Веќе го повикав нашиот агент за недвижнини за да го прекинеме нашиот закуп“.
Но, таа не сака Том да се извлече од тоа што го направил и ја прашува како да му каже на својот сопруг дека се разведува од него.
Водителите на подкаст Анабел Ли и Луис Хансон беа речиси премногу шокирани за да зборуваат откако ја слушнаа интензивната приказна.
„Тоа е одвратно и ужасно… треба апсолутно да ја напуштиш ситуацијата.“, рече Луис.
Анабел рече дека не може да верува дека Меди има „храброст“ да ја замоли Стеф да не му кажува на нејзиниот партнер Џек што направила. И двете се согласија дека пријателството е завршено и дека „нема враќање од ова“.
Откако споделија видео на TikTok, стотици други се вклучија во разговорот за тоа што ќе прават следно.
„Веднаш би му кажал на нејзиниот партнер! Тој заслужува да ја знае вистината“, коментира еден.
„Никогаш, никогаш не простувај“, напиша друг, а трет додаде: „Поканете ги неговите родители и направете слајдшоу за тоа колку неверојатен бил вашиот живот и што уништил тој“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно