„Дознав дека мојот сопруг ме изневерува откако комшијата помисли дека сме во отворен брак“

Јас и мојот маж сме во брак 7 години и се беше супер се до сега.

Тој отсекогаш ми кажуваше дека ме сака само мене и нема потреба да се гледа со друга. Тој исто така работи многу и се труди ништо да не ни фали. Го имаме и нашиот сосед Џејсон. Не ни е нешто многу близок, но од време на време си правиме муабет.

 

Му беше роденден на маж ми и јас го украсував тремот додека тој беше на работа. Џејсон дојде и ме праша што правам. Јас му кажав дека декорирам за роденденот на маж ми. Тој рече „Кул. Можете двете со Џена да му направите изненадување“. Јас веднаш застанав и не ми беше јасно.

Реков „Која е Џена?“. Тој ме погледна збунет и ми рече „Девојката на маж ти, што ти е?“. Вилицата ми падна. Поцрвенев и реков „Се шегуваш? Ни сме во брак! Не може да има никакви девојки!“.
Џејсон се засрами и рече „Не знам. Тој рече дека сте во отворен брак“.
Се сврте и брзо замина велејќи „Те молам не ме вмешувај во ова“.

Јас сум уништена и не ми се верува. Не знам што да правам мислам дека сакам да се разведам. Не знам што да правам?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *