Драматична е состојбата во Трубарево: Гори фабриката „Нула отпад“, чад се шири насекаде (видео)

Огромен црн чад се издигнува над Скопје и предизвикува загриженост кај граѓаните, по пожарот што избувна во „Нулта отпад“ во Трубарево.

 

Голем црн чад се издигнува над Скопје и е видлив од повеќе населби, алармираат загрижени граѓани на социјалните мрежи. Пожарот избувнал во село Трубарево, а првичните информации укажуваат дека гори фабрика за пластични материјали.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, накратко потврди дека пожарот избувнал во фирмата „Нулта отпад“ во скопското село Трубарево, но не сподели повеќе детали засега.


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, потврди дека пожарот е пријавен преку бројот за итни повици Е-112.

– „Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава за голем пожар во Општина Гази Баба, поточно во село Трубарево, каде што гори фабрика за пластични работи. БППЗ на Град Скопје е на лице место и интервенира во гаснењето на пожарот. Состојбата внимателно се следи,“ изјави Али.

Екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје веќе се на терен и работат на локализирање на огнените јазици. Засега не се соопштуваат дополнителни информации за евентуални повредени или причинета материјална штета.

Повеќе детали за овој пожар се очекуваат во текот на денот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!