Држава е ова не е играчка: Приведен е кавадарчанец, затоа што чувал песнопојни птици, а пред неколку дена поранешниот претседател кажа за колку пари било проодадено името и никому ништо

Ова е извештајот од полицијата:

Полициски службеници вчера во 15.20 часот го лишиле од слобода Р.Ѓ., на возраст од 61 година, од Кавадарци, по претходно добиено известување од Државен инспекторат за шумарство и ловство, за држење и чување примероци од заштитени птици, информираат денеска од СВР Велес.

– Полициските службеници кај Р.Г. пронашле примероци на заштитени птици од видот „штиглец“ и „зеленки“, кои се одземени и предадени на Државен инспекторат за шумарство и ловство. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од СВР Велес.

Птиците од видот штиглец и зеленушка се познати како песнопојни врапчевидни птици, долги околу 15 сантиметри, по форма и големина слични на врапче. Зеленушката има зеленкаста боја, со жолто на крилјата и опашката, а пак штиглецот е шарена птица, слична на билбилче.

За слиакта да биде целосна и да сфатите колку е големо стореното злодело против државата, за коешто се лежи затвор, погледнете го следното видео:

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

  • alex напиша:

    ИДЕАЛНО место за крадење и апашлук оваа сЈЕБАНОџанија!!!! Пеат за јевропа, а молат бога да не влезат у неа!!! сите арамилаци ќе мораат да ги запрат!!!Не е, дека Народот не сака, ИТЕ, АПАШИТЕ не сакаат ЕУ!!! Ваков арамилак НЕМА у ЕУ, АЛОООО!!!???

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *