Две ЕКСТРЕМНО РЕТКИ „мегамусти“ ајкули се снимени на брегот на Сан Диего – само 269 досега се видени ширум светот!

Две екстремно ретки „мегамусти“ ајкули беа снимени на видео во близина на брегот на Сан Диего.

Дејвид Стабиле ловел риба со своите пријатели Вал Костеску и Ендру Чанг на околу 5о метри од брегот кога ги виделе ајкулите како движат.

„Овој викенд, моите пријатели и јас отидовме на риболов на брегот на Сан Диего и снимивме видео од две од најретките ајкули на оваа планета.“, напиша Стабиле на Твитер .
На видеата, кои беа споделени на „Твитер“ и „Фејсбук“ , може да се видат ајкулите како полека пливаат многу блиску до чамецот. Едната плива поблиску до површината, додека другата може да се види, движејќи се во сенката на другиот.
„Мегамут“, формално познат како мегахазма пелагиос, е вид на длабоководна ајкула која е откриена во 1976 година и е ретко проучувана од луѓето.

„Се претпоставува дека овие две ајкули се пар: второто видео покажува мажјак со оштетена лева пекторална перка; првото видео е од ајкула со лузни која можеби е женка“, објасни Алисон Шулман-Џанигер, научен соработник во „Природонаучниот музеј“ на округот Лос Анџелес, во објава на Фејсбук што ги сподели видеата.

Ајкулите мегамути можат да пораснат до 25 метри и обично се наоѓаат на длабочини од 5.000 до 20.000 метри.

Првата „мегамуста“ ајкула беше заробена на 15 ноември 1976 година, на околу 30 километри североисточно од Кахуку, Хаваи, кога се заплеткала во морското сидро на брод на американската морнарица.

Според Шулман-Џанигер, втората мегамуста ајкула била фатена на островот „Санта Каталина“ и е изложена во „Природонаучниот музеј“ во округот Лос Анџелес.

Но, најмалку три – покрај оние од оваа недела – претходно се видени на брегот на Сан Диего, два во 2018 година и еден во 2019 година. „Некои шпекулираат дека јужна Калифорнија може да биде област за размножување за нив“, вели Шулман-Џанигер.

„Мегамут“ ајкули се забележани и во водите во близина на Филипините и Јужна Африка.

„Сè уште има многу непознато за нив, што се однесува до тоа каде го поминуваат своето време бидејќи ги гледаме толку ретко.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *