Две лежалки и чадор за 200 евра? Туристка се изненади од цените на плажите во Црна Гора

Високите цени на лежалките на некои од најелитните плажи во Црна Гора повторно ги разбрануваа социјалните мрежи, откако чешката патописка и авантуристка Кејт го сподели своето искуство од Милочер и Свети Стефан.

Таа откри дека за комплет со две лежалки и чадор на дел од ексклузивните плажи се наплаќаат дури 200 евра за еден ден, што, како што призна, целосно ја изненадило.

Најпрво го посетила Милочер, каде што забележала дека плажата е речиси празна, и покрај високата цена за изнајмување. Подоцна отишла и на плажата Свети Стефан 2, каде што ценовникот бил речиси идентичен.

Љубопитна дали навистина има гости кои плаќаат толку, таа го прашала персоналот. Одговорот бил дека само ден претходно сите лежалки биле распродадени.

Не сум доволно богата за ова“, низ смеа коментира таа.

Сепак, не сите плажи се толку скапи. На јавната плажа кај Свети Стефан, цените биле значително поприфатливи – околу 50 евра за две лежалки во првиот ред, додека во задните редови комплетот може да се најде и за околу 30 евра.

Бидејќи патувала сама, Кејт решила да не плаќа за лежалка и денот да го помине на плажа користејќи само пешкир.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *