Две мајки се степале и направиле хаос на матурска вечер во Босна и Херцеговина, интервенирала полицијата
Иако фотографиите од матурските вечери најчесто изгледаат гламурозно, матурантите од Цазин во БиХ сигурно нема да понесат таков спомен низ животот. Имено, на една матурска вечер што се одржала на 16 мај, две мајки на матуранти се скарале, а потоа и се степале.
Причината е прилично бизарна, а сведоците наведуваат дека двете мајки се туркале за да фатат што подобар кадар покрај црвениот тепих. Но, набрзо низ салата почнале да одекнуваат вресоци и повици, а сведоците велат дека прамени коса останале расфрлани по подот.
Додека тие се пресметувале, родителите и професорите зачудено гледале, а некои се обиделе да ја смират ситуацијата сè додека не интервенирала полицијата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно