Двете другарки платиле 660 евра за лежалка и пијалоци на Миконос, но тоа не е се! Кафулето имало еден „трик во ракавот“ што на крајот платиле и повеќе од тоа

Доаѓа лето со тоа што сите гледаме да му ја здувнеме некаде и ако може да добиеме супер попуст за нашите одмори и релаксации. Но не и овие две Британки кои сакале да го поминат денот на озогласената плажа Ники, на Миконос, поточно во кафулето Марбела.

 

Шантел Бред издвоила 660 евра за лежала, со разбирање дека таа и нејзината другарка ќе имаат кредит за пијалоци во вредност од 500 евра.

Наместо тоа, тие завршиле „ограбени“ кога дознале дека должат повеќе пари.

„Всушност дознавме дека не се вклучени коктели во цената, ниту храна, само флаши. А минимум една флаша е 545 евра и тоа некое безвезе вино, додека најскапата стигнува до огромни 24.995 евра. Значи вие пак ќе испадне да им платите повеќе. И ако го земете најевтиното вие должите 45 евра“.

 

 

Во следното видео, Шантел објасни дека не направила никакво истражување пред да се упати на плажата Ники. На крајот тие платиле плус 126 евра покрај тие 660 за флашата што ја нарачале, бидејќи нарачале флаша од 626 евра. Иако нејзината другарка ги нашла претходно цените на пијалоците на веб страницата на кафулето, сепак кога стигнале таму имале помалку опции и биле поскапи.

Па тоа е дефинитивно еден скап ден на плажа. Само што тие не сретнале Македонци, ќе си ги земевме тие 660 евра назад и најверојатно ќе имаше неколку пцовки што сите ќе ги слушнеа. Всушност ние од старт не сме до толку глупави да им ги дадеме тие 660 евра. Од сопствен чадор и лежалка поголем раат нема.

 

@chantellebraddMarbella mugging us off 😅♬ original sound – Chantelle Bradd

  • Васе напиша:

    И сеа, шо?????? Следната година, пак ќе отиде на одмор во Грција (за да има приказна да раскаже)!
    Колку македонци што биле во Грција се жалат, им барале на влез да пополнат некој образец, па им ја ишкртале колата, ги терале да прават склекови (сетете се на скечот на К-15), па ова, па она! И секој викенд, река македонци чекаат со саати да влезат во Грција!!! Дури и на другар, жена му го тераше да идат у Икеа да купат мебел!
    Абе не ме интересираат цените, не им идам од патриотски причини! Идем само у Црној Гори и Хрватској!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *