Е вака може да се оди на забар: Стоматолошка ординација има преслатко кученце кое ве гушка и смирува додека лежите на столицата

Стоматолошка ординација во центарот на Минеаполис нуди уникатна услуга за своите пациенти – куче за емоционална поддршка.

 

 

Ејприл Клајн, која работи во J&D Dental, почнала да го носи својот 4-годишен англиски златен дудл на работа минатата година кога сфатила дека тој може да помогне во ублажување на анксиозноста кај нервозните пациенти.

Семејството на Клајн го земала Оли во екот на пандемијата кога тој бил само кученце, а стоматолошката ординација била привремено затворена. Кога Клајн (47) на крајот се вратила на работа, нејзиниот сопруг и двете ќерки дошле на забар и со себе го донеле своето куче.

Сопругот на Клајн, Џери Клајн Џуниор, не обожава забар и се плаши – но оваа посета не изгледала толку лоша.

„Додека лежеше на столот, Оли скокна врз него и заспа. Воопшто не му пречеа звуците“. Оли му помогна на мојот сопруг да се опушти – тој рече дека се чувствува подобро кога го има таму до него. Тоа ми даде идеја: што ако Оли може да им помогне и на некои други наши вознемирени пациенти?“

Идејата беше дека Оли може да го олесни стресот и да ја зголеми среќата на оние на кои не им е сосема удобно на забар.

„Тој е толку добро момче и навистина ги смирува луѓето. Изненадена сум од тоа колку многу помогна.“, изјави една 61-годишна пациентка.

Претходните истражувања покажаа дека интеракциите со кучињата, без разлика дали се ваши или туѓи, навистина може да го зајакнат вашето здравје – дури и ако се кратки,

Поголемиот број на луѓе имаат дентофобија – страв од стоматолошки третман – додека пак некои имаат и екстремен страв. Дентофобијата, исто така наречена одонтофобија, може да предизвика некого да има екстремна вознемиреност од самата помисла да оди на стоматолог или додека е физички во ординацијата.

 

Сопственичката на J&D Dental, стоматологот Џенифер Херберт, се согласи со Клајн дека Оли може да им даде емоционална поддршка на пациентите кои ја бараат – се додека другите пациенти се во ред со кучето во ординацијата.

Иако Оли не е службено животно, Клајн рече дека е целосно вакциниран за да се усогласи со упатствата и прописите утврдени со Законот за безбедност и здравје при работа (OSHA). Таа, исто така, се погрижи секој што работи со пациенти да ги следи хигиенските практики поставени од Американската стоматолошка асоцијација .

„Стоматологијата не е лесна професија – никој не ни кажува дека доаѓањето овде е најдобриот ден во нивниот живот. Да се ​​има Оли овде ја промени играта. На сите им го разубавува денот и стана огромен хит“ – рече сопственичката.

Клајн додаде: „Пациентите ни кажуваат дека тоа што го имале со нив им го направил најдобриот термин на забар во животот. Тие се чувствуваат како да имаат топло ќебе врз нив“.

 

А и Оли е вреден работник и сака да поминува повеќе време гледајќи ги пациентите.

„Оли сака да биде со луѓе и секое утро оди до вратата кога ќе ги земам јакната и чантата. Тој сега мисли дека треба да му се дозволи да оди на работа секој ден“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *