Ед Ширан повторно ја покажува својата креативност. Овој пат преку уникатното име на својата ќерка!
Во мај оваа година, хитмејкерот на „Shape of You“ објави фотографија со бели чорапчиња на инстаграм, за да каже дека неговата сопруга Чери се породила.

Сега дојде време да го откријат и името на најновиот член на семејството. Тие веќе ја делат 23-месечната ќерка Лира Антарктика, а новото прекрасно девојче одлучија да го именуваат Јупитер Сиборн Ширан.
Симболиката е навистина интересна затоа што „Jupiter Seaborn“ во предвод е Јупитер роден на море.

Извор близок до парот изјави дека тие „се вљубиле“ во името поради уникатноста и дека сите мислат дека името Јупитер навистина одговара. A во моментов се пресреќни дека се семејство од четворица и уживаат во родителството.

Коментирај анонимно