„Единство“ – најголемата статуа на светот. Каде се наоѓа и зошто е направена?

Во есента 2018 година, светот стана сведок на откривањето на највисокиот споменик во историјата на човештвото. Оваа 182 метри висока и 67.000 тони тешка статуа го носи името „Статуата на единството“ и претставува нова граница на инженерството и амбицијата.

 

„Единство“ - најголемата статуа на светот. Каде се наоѓа и зошто е направена?

Монументален подвиг: 182 метри висока фигура на Валабхаи Пател се издига над реката Нармада во Гуџарат

Споменикот го прикажува борецот за независноста на Индија, Валабхаи Пател. Не случајно е изграден токму во неговата родна држава Гуџарат, на брегот на реката Нармада. Проектот започна во 2013 година и кулминираше на 31 октомври 2018 година со свечено отворање, настан што остана запаметен низ историјата.

 

Монументален подвиг: 182 метри висока фигура на Валабхаи Пател се издига над реката Нармада во Гуџарат

Рекорден споменик: 54 метри повисок од гигантот Буда во Кина и поголем од сите познати статуи во светот

„Статуата на единството“ е 54 метри повисока од претходниот рекордер — 128-метарската статуа на Буда во кинеската провинција Хенан и значително ги надминува сите други славни споменици ширум светот. Огромниот обем и димензии претставуваат вистинско инженериско чудо.

 

Рекорден споменик: 54 метри повисок од гигантот Буда во Кина и поголем од сите познати статуи во светот

Инженерско чудо: Со 24.000 тони челик, 70.000 тони бетон и 1700 тони бронза, изградбата бараше ангажман на најмалку 2000 работници

Статуава, освен по својата големина, е посебна и по материјалите и човечкиот труд вложен во неа. За изградбата биле употребени 24.000 тони челик, 70.000 тони бетон и 1700 тони бронза, а на проектот работеле најмалку 2.000 работници.

 

Инженерско чудо: Со 24.000 тони челик, 70.000 тони бетон и 1700 тони бронза, изградбата бараше ангажман на најмалку 2000 работници

Инвестиција од 430 милиони долари со цел да се засили угледот на Индија и да се привлечат туристи во Гуџарат

Вкупната вредност на овој уникатен споменик се проценува на 430 милиони долари. Повеќе од половина од средствата се обезбедени од владата на сојузната држава, додека остатокот стигнал од федералниот буџет, фондови и компании. Премиерот на Индија, Нарендра Моди, изјави дека споменикот ќе го зголеми меѓународниот углед на Индија и ќе донесе туристи во регионот.

 

Инвестиција од 430 милиони долари со цел да се засили угледот на Индија и да се привлечат туристи во Гуџарат

  • Васе напиша:

    На времето кога требаше да се гради споменик на Плоштад во Скопје, не се сеќавам од која ТВ правеа анкета со граѓани на тема: „од која личност би сакале да се направи споменик“?
    Имаше разно разни одговори: Гоце Делчив, Даме Груев… Но, еден господин рече: „јас предлогам да се направи споменик на Ѓорѓи Колозов (1948-2003)“! Кога новинарот го праша: „зошто“? Па, вика: „во 100 епизоди од серијата Македонски приказни го играше Царо“!!!

  • ТЕРМИНАТОР напиша:

    Кажете што е точно 67.000 или 95.700 тони.
    Огромен потфат и огромна цена на чинење.
    Сите власти во светот бркаат рекорди во инжењерство, пронајдоци, производство итн, само кај нас се рушат рекорди во ПАЛЕЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА СЕ ЖИВО И ДИВО, ЛАЖЕЊЕ И КРАДЕЊЕ … 👹🤕🐒

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на ТЕРМИНАТОР Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *