„Едвај чекам да ја додадам шестата ѕвезда на бразилскиот грб!“, Пеле се огласи на „Инстаграм“ и им даде поддршка и „ветер во грб“ на бразилскиот тим за да го освојат Светското првенство во Катар

Бразилскиот великан Пеле ја поддржа репрезентацијата која се смета за фаворит на Светското првенство во Катар, велејќи дека има целосна доверба во 26-члениот тим избран од селекторот Тите.

Составот на Бразил беше објавен во понеделникот, а ја вклучува ѕвездата на „ПСЖ“, Нејмар, плус голем број таленти од Премиер лигата како дуото на „Арсенал“ Габриел Жесус и Габриел Мартинели, плус двојката од „Манчестер Јунајтед“ Касемиро и Фред.

 

 

Споделувајќи ги своите размислувања на „Инстаграм“, заедно со слика на која го носи дресот на Бразил од играчките денови, 82-годишникот, кој го предводеше тимот до титулата во 1958, 1962 и 1970 година, рече дека се надева дека ќе види друга ѕвезда над нивниот грб.

„Последен пат кога го облеков дресот на бразилскиот тим, ги инаугуриравме трите ѕвезди над грбот“, напишал Пеле на сликата, единствениот играч кој освоил три Светски првенства. „Сега имаме пет. Едвај чекам да ја додадам шестата ѕвезда“.

 

 

Пеле, кој има здравствени проблеми во последниве години, но остана активен на социјалните мрежи, рече дека е уверен дека тимот ќе ја направи нацијата горда.
„Тука сум да му ја дадам довербата на овој тим и да и посакам среќа на нашата репрезентација“, рече тој.

Бразил го нема освоено Светското првенство од 2002 година кога во финалето во Јапонија ја победи Германија со 2-0.Оттогаш, тие само еднаш се пласираа во полуфиналето, но претрпеа понижувачки пораз од 7-1 од Германија, пред своите навивачи на стадионот „Маракана“ во 2014 година.

Сепак, нивната позиција на врвот на светската ранг-листа и нивната одлична серија без пораз во квалификациите ги направи фаворити за освојување на титулата во Катар.

Бразил ќе ги започне натпреварите најпрво против Србија на 24 ноември. Во групата Г се соочуваат и со Швајцарија и Камерун.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *