Еко демонстранти буквално се залепиле на подот на „Фолксваген“ салон, но биле уапсени откако им отекле рацете!

Девет активисти од групата „Scientist Rebellion“ упаднаа во „Autostadt“, музеј и салон за автомобили спроти главната фабрика на „Volkswagen“ во Волфсбург и потоа беа уапсени.

 

 

Тие ветија дека ќе продолжат со протестите додека „Фолксваген“ не се согласи да лобира кај министрите за декарбонизација на транспортната индустрија.
Но, тие почнаа да се жалат по само неколку часа дека немаат храна, а персоналот одбил да им донесе сад за нужда.

Џанлука Грималда, кој изјави дека штрајкува со глад, потоа почнал да се жали дека неговата рака, која ја прекрил со суперлепак и ја залепил на подот е отечена и рече дека лекарите го предупредиле дека постои ризик од згрутчување на крвта.

По само еден ден протест, тој се согласил да замине на лекар и бил уапсен, пред да влезе полиција за да ги собере останатите демонстранти.

 

Агисилаос Кулурис, друг демонстрант, „твитна“ слика од десетици полицајци со порака: „Тие ги апсат сите“.

Активистите се членови на „Scientist Rebellion“, група која се промовира како збирка научници „подготвени да ја кажат вистината за климатската криза и да дејствуваат според неа“.

Тие го повикуваат „Фолксваген“, еден од најголемите германски производители на автомобили, да се засили во борбата против загадувањето. Слики од протестот беа споделени на интернет и прикажуваа шест активисти залепени за земја пред три „Поршеа“.

„Деветмина од нас залепени за подот, а некои штрајкуваат со глад додека не се исполнат нашите барања за декарбонизација на германскиот транспортен сектор“.

Но, само два часа подоцна, демонстрантите почнале да се жалат дека вработените во музејот „го одбиле нивното барање да им дадат чинија за мокрење и нужда на пристоен начин, додека биле залепени. А воедно и го исклучиле греењето“.

По една ноќ спиење на подот, г-дин Грималда на „Твитер“ објави слика од неговата отечена рака велејќи дека доктор бил донесен да го прегледа.

Тој рече: „Лекарите ја утврдија можноста опасна по живот со згрутчување на крвта во мојата рака и препорачаа итно префрлување во болница“.
„Моето здравје е секако најважно. Прифатив да ја напуштам оваа прекрасна група и ме однесоа во болница“.

Така, нешто повеќе од еден ден од демонстрациите и без ниту едно од неговите барања исполнето, г-дин Грималда беше изнесен од павилјонот каде што активистите велат дека бил уапсен. Сликите покажаа десетици полицајци внатре во салонот и луѓе кои беа уапсени надвор, со што протестот заврши на неговиот втор ден.

 

Климатските демонстранти предизвикуваат хаос низ Европа бидејќи бараат од владите да дејствуваат за справување со климатските промени.

Претходно овој месец, демонстрантите од групата се обидоа да ги блокираат патиштата во центарот на Лондон и испрскаа боја над изложбениот салон на „Астон Мартин“.

И во саботата, двајца демонстранти се појавија на суд еден ден откако фрлија супа од домати врз слика на Ван Гог во Националната галерија во Лондон.

 

 

  • Sasho напиша:

    na niv nekoj da im otide doma i da se zalepi, ke vidis kako ke reagiraat, ebati idiotive…;

  • MOtika напиша:

    So ne odet po domovite na miljarderive so imet po pet avioni i deset jahti…Ama ne odet zsh tie gi plajekt za nekakvi agendi nivni kako so e sega CO2 agendava demek zagadvime i seg i C02 treba da im go plajkame na Amerikancive.
    Ajde sikter vejke

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *