Експерти предупредуваат дека студената зима што доаѓа, може да предизвика вашата коса да опаѓа – и даваат совети како да спречите тоа да се случи
Експертите предупредија дека оваа зима може да донесе неочекувана штета: губење на косата.
Дерматолозите објаснуваат дека студениот и сув воздух ја исцрпува влагата и природните масла од скалпот, поради што косата се откинува во невообичаено поголеми количини. Уште повеќе, ниските температури предизвикуваат оштетување на кутикулите – заштитната обвивка што се наоѓа околу одделните прамени коса.
„Сува коса и сув скалп заедно може да предизвикаат кршење, истенчување и опаѓање на косата“, изјави Абас Канани, од „Online Pharmacy Chemist Click“.

„Скалпот може да стане посклон кон дехидрација на студено време и сува топлина во затворен простор. Уште повеќе, ниското ниво на витамин Д – кој се апсорбира од сонцето преку кожата и е потребен за раст на косата – може да го влоши проблемот“.
Г-дин Канани вели: „Телото создава витамин Д од директна сончева светлина на кожата кога е на отворено, но помеѓу октомври и почетокот на март не произведуваме доволно витамин Д од сончевата светлина. Тоа е поретко, но можно е губење на косата поради недостаток. Недостатоците на витамините А, Б, Ц, Д и Е, како и на железо и цинк, се поврзани со губење на косата“.
Но, постојат низа превентивни чекори што можете да ги преземете за да го одржите опаѓањето на минимум. Прво, никогаш не излегувајте со влажна коса. Кога температурите паѓаат под нулата, молекулите на водата во косата замрзнуваат и се шират, што ја прави поголема веројатноста да се скрши. Мократа коса е повеќе кревка отколку сува.
Познатиот фризер Џејсон Колиер, чии клиенти се Викторија Бекам и Ева Лонгорија, изјави за „Инсајдер“ дека излегувањето со мокра коса може да ве остави со „нерамни, расцепени врвови по целата глава – што, во најлошото сценарио, значи дека треба да ја скратите косата за да се изедначи разликата“.
Стилистите препорачуваат производи за навлажнување на скалпот во текот на постудените месеци бидејќи тоа ја штити косата од коренот до врвот. Експертите за коса препорачуваат и да не се мие прекумерно – оштетената коса треба да се мие околу два пати неделно. Се што е повеќе од ова ја отстранува косата од нејзината природна влажност и масла.
И кога ќе ја миете косата, обидете се да не биде тоа со екстремно топла вода. Високите температури може дополнително да го исушат скалпот.

Д-р Џаишри Шарад, козметички дерматолог во Индија, изјави за „Vogue“: „Идеалната температура за туширање е млака, а не топла. Препорачаниот температурен опсег за туширање е помеѓу 37°C до 40°C. Времетраењето на туширањето обично треба да биде помеѓу 5-15 минути бидејќи подолгото туширање може да ја отстрани влагата од вашата кожа, правејќи ја дехидрирана и слаба.
Стилистите им препорачуваат на луѓето да избегнуваат стилизирање на топлина или да користат алатки со поставки за ниска топлина.
Анабел Кингсли, специјалист за коса и скалп и претседател на брендот на производите за коса „Philip Kingsley“: „Не се работи само за топлината на апаратот, туку за тоа колку далеку го држите фен подалеку од вашата коса, колку долго ја држите пеглата и така натаму. Ако го држите фенот на една површина од косата цела минута, тоа ќе биде навистина штетно“.
И размислете двапати пред да посегнете по топла, волнена шапка оваа зима. Извештајот од 2001 година објавен во „International Journal of Dermatology“ сугерираше дека носењето тесни капи може да го забрза опаѓањето на косата. Свилените марами и измешаните волнени ткаенини се понежни за косата и го намалуваат триењето и кршењето.

Коментирај анонимно