Екстравагантната свадба од 60 милиони евра на еден богаташки пар ја згрози јавноста: „Можете да го поправите светот со толку многу пари!“
Ако сакате да ја видите разликата помеѓу обичните луѓе и фантастичниот свет на познатите и богатите, погледнете ги нивните свадби. Венчавката е еден од најголемите трошоци во нашите животи, што значи дека оние со големо богатство и статус се подготвени да потрошат повеќе од нашите доживотни заработки на големиот ден.
Сепак, дури и највисоките слоеви на општеството веројатно би имале граница кога станува збор за претерување. Но, една свадба што чинела неверојатни 60 милиони долари и се одржала во Палатата Версај во Франција, ги подигна веѓите дури и на најимотните. Дали вреди да се потрошат толку пари, дури и ако ти пејат на свадбата „Maroon 5“.
Невестата е богатата наследничка Мадлен Броквеј, а младоженецот е Џејкоб ЛаГрон. Се чини дека нивните пари се, барем делумно, семејно богатство. Мадлен е ќерка на Боб Броквеј, претседател и извршен директор на „Ussery Automative Group“ – автомобилска компанија која надгледува различни продажби на „Mercedes Benz“ во Флорида. Нејзината мајка Паула е потпретседател на една од филијалите на „Mercedes Benz“.
@madelainebrockway Marie Antoinette’s Last Halloween #amangiri #bachelorette #bestfriends #foryoupage #fyp
Свадбата предизвика критики на интернет, при што многу луѓе беа збунети колку пари имаат некои, додека други живеат на работ на сиромаштијата.
„Можете да поправите толку многу работи во овој свет со таков вид пари”, истакна еден човек на „X“, додека друг напиша: „Апсолутно е лудо како некои луѓе го доживуваат животот вака, а други мора да се борат за основни ресурси”.
Мадлен оттогаш стана своевидна ѕвезда на социјалните медиуми по нејзината вирална свадба, со нејзините профили кои прикажуваат сè, од моминска забава во стилот на Марија Антоанета во Јута, посети на дизајнерски продавници и луксузни одмори.
Коментирај анонимно