Емили Ратајковски блеска во смело бикини
На брегот на Позитано, Италија, Емили Ратајковски привлекува погледи со својата фигура и својот слободен дух: во костим за капење со длабоко деколте и пиво во рака.
4
Емили, која оваа година конечно го финализира разводот со Себастијан Бир-МекКлард, прикажува нова етапа во својот живот – како слободна мајка на четиригодишниот Силвестер. Нејзиниот брак заврши во 2022 година по сериозни обвинувања за неверство од страна на сопругот.


Во неодамнешно интервју за американска телевизија, Емили отворено зборува дека веќе не ѝ се приоритет мажите во нејзиниот живот. ‘Сум самохрана мајка, и како што стареам, сѐ повеќе го ценам сестринството и заедницата со други жени, особено овде во Њујорк’, искрено призна Емили. За неа, токму тие пријателства и заеднички искуства се највредните работи во секојдневието.


Откако минатата година алудираше на својата бисексуалност, Емили Ратајковски сѐ почесто отворено зборува за своjот став кон родовата и сексуалната идентификација: ‘Не верувам во строго определени граници. Сакам да се чувствувам слободна да се прикажам на светот како што јас ќе одлучам, без осуда и без де се чувствувам како „лоша“ или „добра“ феминистка.’ За Емили, борбата за слобода и против стереотипите е прашање на личен избор и јавен пример.


ЉЕПОТИЦА!!!
Коментирај анонимно