Емотивен момент кога бебе за прв пат го слуша гласот на татко му и се ПРЕПЛАШУВА од звукот
Прекрасен момент кога бебе за прв пат јасно го слуша гласот на нејзиниот татко, предизвика сензација на интернет.
Малата Нели Росалес, од Фајетвил, Северна Каролина, е родена со микротија и атрезија, што значи дека била целосно глува на едното уво и можела да слуша само потивки звуци – но се борела да слуша гласови. Така, кога ѝ била поставена специјална направа, за прв пат јасно го слушнала гласот на својот татко.
На снимката се гледа дека на Нели, која сега има 11 месеци, ѝ е вграден слушниот апарат и пука во солзи штом ќе го слушне гласот на нејзиниот татко.
Уредот што лекарите ѝ го поставиле, пренесува звук користејќи вибрации од черепот на пациентите, овозможувајќи да се заобиколи ушниот канал.
Таткото Џејкоб Росалес (28) рече: „Беше тешко пред слушниот апарат. Секој пат кога зборував со неа, таа го тргаше погледот за да може да ме слушне правилно“.
„Да ја видам како ме слуша за прв пат, ми го одзема здивот. Донесе сонце во моето срце, дури и ако таа беше преоптоварена со емоции“.
„Таа е на возраст кога ни дава до знаење што сака и е многу возбудена што ќе облече“.
Микротијата и атрезијата имаа големо влијание врз животот на Нели пред да се постави уредот.
Микротијата предизвикува едното или двете уши на пациентот да бидат неразвиени, а атрезијата е неразвиен ушен канал.
Коментирај анонимно