Емотивно збогување: Машиновозач кој се пензионира по 52 години служба се расплака на последната смена додека патниците му аплаудираат

Џо Крин, од Глосоп, Дербишир, во понеделникот за последен пат влезе во станицата Манчестер Пикадили пред толпата луѓе кои ја поздравија неговата 52-годишна служба. Кога се симнал од возот, Џо (69) не можел да ги задржи емоциите.

Најблиските кои аплаудираа се собраа на платформата и беа сликани како носат црно-бели балони и му честитаат. Откако за последен пат го возеше возот ТрансПенин Експрес, на Џо му дадоа појас на кој пишуваше: „Официјално во пензија“, плус сертификат за неговата долга кариера во железничката мрежа.

Џо, почнал да работи на железницата во 1971 година кога имал само 17 години и може да се види дека и после 52 години тој си ја сака работата.

„Имам повеќе од половина век негувани спомени на железницата и многу значи да го споделам моето последно патување и со моето семејство и со моето железничко семејство. Со нетрпение очекувам да поминам повеќе време со мојата сопруга Кристин, моите синови Гери и Шејн и поширокото семејство, кои дојдоа да го видат моето последно возење“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *