Ендру Тејт објаснува како станал милионер

Ендру Тејт е можеби најполаризирачката фигура на интернет во последните години. Поранешен светски шампион во кикбокс, основач на Hustlers University, човек кого милиони млади мажи го следат, а уште повеќе луѓе го мразат. Во 2022 година беше отстранет од речиси сите социјални мрежи. Подоцна беше приведен во Романија по обвинувања за трговија со луѓе и сексуална експлоатација, обвинувања кои тој ги негира и кои сѐ уште се предмет на судска постапка. Ова што следи се неговите ставови и неговата верзија на приказната за тоа како станал богат. Ова не е препорака или одобрување. Ова е она што тој го кажува, пренесено директно.

Ендру Тејт објаснува како станал милионер

Кикбокс светски шампион што едвај преживува: по две победи годишно, реалноста била разочарувачка

Тејт бил светски шампион во кикбокс. Тоа звучи импозантно, но вистината, според него, е сосема поинаква. За победа добивал околу 100.000 долари. Две до три борби годишно. Треба да се земе предвид 20% за менаџери, даноци, кирија во Лондон, автомобил… На крај му останувале 30-40.000 долари по борба, двапати годишно. „Не сметав дека сум богат. Тоа се парчиња од 30-40 илјади, двапати годишно. Тоа не е богатство на никаков начин.” На 28 години се разбудил и направил пресметка: шест часа дневно концентрација, скршени раце осум пати, скршени ребра, а на крај немал богатство. Тогаш решил да стане богат – не малку побогат, туку навистина богат.

Кикбокс светски шампион што едвај преживува: по две победи годишно, реалноста била разочарувачка

Истражување и разочарување: Тејт открива дека паричниот систем е, според него, измама

Неговиот прв чекор не бил да почне бизнис, туку да разбере како функционираат парите. Денови седел и истражувал за банки, кредити, фракционо резервно банкарство. Колку повеќе читал, толку повеќе се лутел. Открил дека парите не се поврзани со злато, дека банките не позајмуваат депозити, туку создаваат пари од воздух. „Сега сум уште повеќе налутен. Парите се ѓубре и јас немам.” Но наместо да застане, земал лист хартија и почнал да пишува – не за системот, туку за себе: што има, што умее, со што располага.

Истражување и разочарување: Тејт открива дека паричниот систем е, според него, измама

Листата на средства што ја промениле неговата судбина: Осум девојки, стан, БМВ, знаење во шах

На неговата листа се најдоа станот, автомобилот БМВ, физичката форма, умешноста да игра шах, но и нешто посебно – осум девојки. Патувал низ светот за борбите, а по победите секогаш имал избор на ринг-девојка. Со време акумулирал девојки во различни земји. Ниедна не знаела за другите и сите мислеле дека е богат. „Ова е средство,” помислил тој. „Убави девојки кои сакаат да дојдат во Лондон и да живеат со мене. Што можам да направам со ова?” Прво помислил на стриптиз-клуб, но по случаен клик на интернет реклама за вебкам, идејата станала јасна.

Листата на средства што ја промениле неговата судбина: Осум девојки, стан, БМВ, знаење во шах

Почетоците на вебкам империјата на Тејт: Четири локации и 75 девојки, организација и мотивација

Им пишал на петте девојки и им понудил работа. Четири се согласиле и дојдоа во Лондон. Две си отишле веднаш, двете што останале беа почетокот. Зимал 50% од заработката и тврди дека тоа не било многу за технологија, организација, распоред. „Ако покажеш на жена како да заработи 1.000 долари на час, таа мисли: треба да работам само еден час неделно. Ако покажеш на маж истото, тој мисли: можам да заработам 18.000 на ден.” На врвот имал четири локации со 75 девојки, сите работеа под негов надзор, во изнајмени куќи со техничка опрема, редовни клиенти и свој распоред.

Сивата зона на успехот: обвиненија за експлоатација, самопрогласен сутенер, се чека одлука од судот

Тејт зборува за сето ова со самодоверба и без калкулации, но не зборува гласно за правната рамка. Овој бизнис во повеќето држави е сив или директно незаконски. Тејт е обвинет за дела поврзани со контрола над жени, што тој ги негира. Сам вели дека е „сутенер” и инсистира дека не е навреда, туку дека девојките сакале да работат со него. Најважното: дали е тоа така, треба да одлучи судот. Но приказната за тоа како стана богат, според него, почнува точно тука.

  • zarkovski напиша:

    Подобро би било да не пренесувате вакви вести за тоа како луѓе се збогатиле на црно…

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на zarkovski Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *