ЕУ се приближува до забрана за користење социјални мрежи за деца под 13 години. Треба ли и ние да воведеме забрана?

Европската Унија ги забрзува плановите за воведување забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 13 години, потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен изјави дека апликациите за социјални мрежи им го „одземаат детството на децата“ и дека големите технолошки платформи мора да ја докажат безбедноста на нивните производи.

ЕУ се приближува до забрана за користење социјални мрежи за деца под 13 години. Треба ли и ние да воведеме забрана?

Под 13 години целосна забрана, од 13 до 15 години само „мини сметки“

Таа вети предлог-закон за целосна забрана на социјалните мрежи за лица под 13 години, додека за децата на возраст од 13 до 15 години ќе бидат дозволени „мини сметки“ под родителски надзор со временски ограничувања за користење.
Европската комисија официјално ќе го објави планот за социјалните мрежи, кој потоа ќе треба да биде одобрен од Европскиот парламент и од 27-те земји членки на ЕУ за да стане закон.

Под 13 години целосна забрана, од 13 до 15 години само „мини сметки“

Во Стразбур, фон дер Лајен предупреди на функциите на социјалните мрежи што создаваат зависност

Фон дер Лајен најави дека Актот за дигитална праведност, кој треба да биде предложен оваа година, ќе се справи со функциите на дигиталните платформи што се создадени за да го задржат вниманието на корисниците и можат да поттикнат зависност. Станува збор за механизми како бесконечно скролање, автоматско пуштање содржини и постојани препораки, за кои таа вели дека им „штетат на сите“.
Претседателката на Европската комисија ги даде изјавите во Стразбур, нагласувајќи ја потребата помладите генерации подобро да се заштитат од ризиците на дигиталните платформи.
Покрај регулирањето на социјалните мрежи, фон дер Лајен се осврна и на пошироките безбедносни предизвици со кои се соочува Европа, посочувајќи дека континентот мора да изгради сопствени механизми за одбрана од сајбер и хибридни закани.
„Итно ни е потребен консензус за тоа како да одговориме на инцидентите кои не претставуваат вооружена агресија, но јасно ја загрозуваат нашата национална безбедност“, изјави таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *