„Еве како изгубив осум килограми за само осум недели како зафатена мајка на две деца“

Мајка на две деца раскажа како изгубила речиси осум килограми за осум недели и како намалувањето на нејзиниот внес на јаглени хидрати направило инстант разлика.

Тери Нов Јужен Велс решила да се пријави на фитнес предизвик BFT (Тренинг за фитирање на телото).

32-годишната се пријавила на осумнеделниот предизвик во теретана дизајниран од елитниот тренер Камерон Фалон, кој исто така ѝ бил личен тренер на принцезата Дијана на почетокот на неговата кариера.

Структурирана во прогресивни блокови, тренинзи со висок интезитет, кардио и хибридната програма за сила е дизајнирана да им помогне на посетителите во теретана да избегнат „прегорување“ и користи монитори за отчукувањата на срцето за да ја следи способноста на членовите да се придржуваат до целите на часовите.

 

„По овој предизвик научив дека всушност повеќе не ми треба некое слатко задоволство наместо тоа ќе изедам едно протеинско колаче или банана. Друг огромен проблем да се биде мајка на мали деца е што се наоѓате себеси како ги дојадувате остатоците од храна во нивните чинии, од кога престанав да го правам тоа приметувам огромна разлика“.

Тери рече дека е целосно посветена на програмата од првиот ден, го следела пропишаниот план за оброци и одбива да се прикрадне во задоволства или дополнителни закуски. Таа го исфрлила шеќерот и преработената храна и за среќа веќе се откажала од алкохолот засекогаш две години пред да има деца.

 

„Заменив други пијалоци за да го заменам латето бидејќи не пијам кафе, а исто така ги сменив оброците со црвено месо со оброци со риба или леќа“, рече таа.

Тери, исто така, ја преземала апликацијата MyFitnessPal и ги следи нејзините калории секој ден; дознала дека јаде тројно од препорачаната количина.

„Штом се откажав од сето тоа, тежината почна да паѓа“, рече таа, додавајќи дека млекото го заменила и со соја.

„Тренингот секој ден постојано имаше огромно влијание. Дури и кога се ве боли од тренинг или уморни од бебето што се буди на секои два часа во текот на ноќта, најважно беше што јас сепак се појавив во теретана следниот ден“, рече таа.

 

А еве што јадела Тери пред да ги направи овие драстични промени и шти јаде сега откако ги направила.

 

ПОЈАДОК

Пред: Житарки со полномасно млеко и банана или три парчиња тост со путер од кикирики

Потоа: Протеински шејк направен со млеко од соја со банана и семе од чиа, протеински мафин со боровинки, палачинки од урда или овес со протеински прав

 

ЗАКУСКА

Пред: Тост со суво грозје и путер, кифла или парче торта

Потоа: Јаболко или портокал

 

РУЧЕК

Пред: Потпечен сендвич или вегетаријански бургер и помфрит со сок од јаболко или смути

Потоа: Омлет од печурки и спанаќ или пилешко со ориз и салата

 

ПОПЛАДНЕВНА ЗАКУСКА

Пред: Бисквити или крекери со сирење

Потоа: Меџул урми со путер од кикирики или јаболко

 

ВЕЧЕРА

Пред: Бурито, пилешки шницли и салата или начос

Потоа: Пилешко со ориз и салата, овчарска пита со леќа или тестенини со туна

 

ДЕСЕРТ

Пред: Сладолед

Потоа: Протеински јогурт или јогурт од кокос

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *