Еве колку често паровите во среќна долга врска имаат с*кс – дали го исполнувате „магичниот“ број?

Дали имате доволно секс?

2.000 парови во среќни, долготрајни врски открија колку често имаат односи.

 

Истражувачите од британската услуга за стриминг ITVX ги прашаа паровите како дел од истражувањето кое ги разгледува важните фактори кои придонесуваат за долготрајна романса.

Тие откриле дека паровите – кои биле заедно најмалку 10 години – имале секс во просек 7 пати месечно. Љубовниците тврделе дека достигнувањето на тој магичен број им помогнало да изградат успешна врска.

Сепак, истражувањето исто така откри дека мнозинството од учесниците не веруваат дека сексот е најважниот дел од нивните врски. Повеќето парови рекоа дека „заедничката забава“ е пресудниот фактор за нивната врска и она што ги одржува заедно повеќе од една деценија.

„Компромисот“, „немање тајни“ и „имањето иста смисла за хумор“ исто така беа ценети како поважни фактори за успешна романса.

 

Иако многу испитаници рекле дека редовниот секс е важен, 5 отсто од анкетираните парови признале дека спијат во посебни спални соби. Во меѓувреме, 20 отсто од анкетираните изјавиле дека го изневерувале партнерот.

Од нив, 58 проценти биле фатени како неверни, но повеќето успеале да ја пребродат нивната голема грешка.

Изненадувачки, 85 отсто од анкетираните парови рекле дека можеле да останат заедно по неверството, додека 38 отсто всушност тврделе дека аферата на крајот ја засилила нивната врска.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *