Еве на која песна се врти најголемото оро на панаѓурот во село Крушаре, Пазарско

Песна: Боже правда нема

 

Дали некој видел,
дали некој слушнал
на сред Европа
ваква неправда?
Дома да ти дојдат,
судба да ти кројат,
корен да ти откорнат.
Боже правда нема
земја да ти земат,
наша Македонија.
Егејски песни ни замреа,
душмани јазикот ни бранеа,
егејска мајка не се уплаши,
македонски децата си ги научи.
Секој Егеец во домот има
по една грутка од стари крај.
Кај и да оди, кај да се сели,
со него е грутката.
Боже правда нема
земја да ти земат,
наша Македонија.
Егејски песни ни замреа,
душмани јазикот ни бранеа,
егејска мајка не се уплаши,
македонски децата си ги научи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *