„Фатив авион и отидов до Шпанија, само за да купам маслиново масло – целото патување беше поефтино, отколку да купам едно шише во Велика Британија“
Британецот Калум Рајан, познат по своите необични предизвици, успешно отпатувал во Шпанија за да купи маслиново масло по пониска цена од онаа во Обединетото Кралство. Овој креатор на содржини, кој претходно леташе до Милано за да купи пица поевтино од достава, го документирал своето патување на TikTok, каде што има повеќе од еден милион следбеници.
Во своето видео, Калум објаснува дека во Велика Британија просечната цена на маслиновото масло изнесува 8 долари. Со цел да докаже дека може да го купи поевтино, нашол лет во последен момент до Аликанте за само 4 долари. По пристигнувањето, посетил локален супермаркет и купил шпанско маслиново масло од 250 мл. за 2 долари.
@thatonecal I flew all the way to Spain 🇧🇷 bought olive oil and flew back for cheaper than the UK! 👏🏻🫒 #Thatonecal #Oliveoil #Thatonevlogs #Spain #Viral
Неговата вкупна потрошувачка досега изнесувала 6 долари, што значело дека повратниот лет мора да биде поевтин за да ја исполни мисијата. Изненадувачки, успеал да најде билет со „EasyJet“ за само 1 долар. Со ова, неговиот целокупен трошок за патувањето изнесувал 7 долари, а тој триумфално ја прославил победата во видеото.
Иако многумина беа импресионирани од неговиот подвиг, некои корисници изразија скептицизам. Некои истакнаа дека не ги вклучил дополнителните трошоци, како што се транспорт до и од аеродромот. Други забележаа дека маслото што го купил е од 250 мл., додека цената што ја споредувал во Велика Британија била за 750 мл..
Неколку корисници од Шпанија тврдеа дека цените на маслиновото масло во последно време не се толку ниски. Други се прашуваа како успеал да го пренесе купеното масло во рачен багаж, бидејќи големината го надминува дозволениот лимит за течности.
Лесно му е на мангупов да фаќа авиони во Европиштево, ај нека фати некој автобус во ласт момент во Скопјево наше ДА ГО ВИДАМ … 🤕
Коментирај анонимно