ФДА предупредува: Новиот трик за готвење пилешко кој стана интернет сензација е ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКИ!

Каде ако не на ТикТок, кој ако не Американците. Кој ќе има полуда идеја, кој ќе биде поинтересен и што е најтрагично кој ќе стане интернет сензација па сите да го повторуваат – тоа е 21 век. Напреднатото, современо општество!

Па овој пат ви го претставуваме новиот трик за готвење на пилешко – СО СИРУП ЗА ИСКАШЛУВАЊЕ! Да добро слушнавте. Пилешкото се маринира во сирупот, а потоа се вари сето тоа заедно. И тоа стана интернет сензација и е важно кој попрво ќе го испроба. Сето тоа стигна до ФДА и од таму велат дека самото тоа што се врие сирупот може да го направи поконцентриран и да дојде до предозирање со него. И дури и да не го јадете пилешкото само што го вдишувате тоа може да предизвика оштетување на белите дробови.

Исто така покрај овој ХИТ има уште еден каде што искушението е да пиете бенодрил (апчиња за алергии и инсомнија) се додека не почнете да халуцинирате. Од ФДА велат дека многу деца се донесени во болниците предозирани од овие апчиња со тоа што некои и умреле.

Па добредојдовте во напредната иднина каде што се напредна ама не и луѓето.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *