„Фибула Травел“ ве носи во Анталија: Топ 7 хотели кои треба да ги посетите ова лето! (прв дел)

„Фибула Травел“ оваа година, како и секоја претходна, ве носи на патување од соништата. Како една од главните дестинации кои се хит оваа сезона се издвојува Турција, со акцент на Анталија и нејзините региони. Сиде, Кемер и Белек се мали градови во близина на Анталија, кои се едни од најпосетуваните места од страна на Македонците кои решаваат својот одмор да го поминат во Турција и да се опуштат благодарение на познатата турска гостопримливост.

Па, така во пресрет на летната сезона, која патем во Турција е веќе и тоа како започната, ви издвојуваме 7 хотели кои дефинитивно заслужуваат да се ваш избор за одмор ова лето.

 

1. Mirage Park Resort

Сместен во регионот Гојнук, на само 7 км до центарот на градот Кемер и 45 км од аеродромот во Анталија, „Mirage Park Resort“ ви нуди можност да уживате во неговиот луксуз и природа. Располага со неколку видови на соби, адекватни за семејства и парови, со или без деца, со поглед на море или прекрасна зелена површина и планини. Хотелот располага со приватна плажа со ситни камчиња и песок, кадешто лежалките, чадорите и крпите за на плажа ви се исто така бесплатни.

Одличен избор е и за оние со малечки дечиња, поради забавните содржини како што се: кошаркарските и тениските игралишта, малата зоолошка градина, фудбалскиот терен и просторот за стрелање, малиот амфитеатар, големата сцена, мини голф теренот, тобоганите и многу друго. Хотелот располага и со спа центар, одлична теретана и персонал кој ги заслужува сите пофални зборови.

За храната и пијалоците исто така немате потреба да се грижите дури и ако сте од оние најпребирливите, бидејќи на шведската маса која се служи сѐ и сешто, можете да најдете и безглутенски оброци. Хотелот функционира на принцип „All Inclusive“, па ќе имате можност постојано да уживате во храната што ја сакате.

 

 

 

 

2. Gypsophilla Club Marine

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 15 км од центарот на Кемер и 40 км од аеродромот во Анталија. Собите во овој хотел се уникатни поради тоа што се наоѓаат во бунгалови на два или три ката. Секоја соба, независно дали станува збор за фамилијарна, стандардна или апартман се со сопствено купатило и двор.

Плажата е исто така од ситен песок и камчиња и сите удобности на истата се бесплатни, освен павилјоните на плажата кои можете да ги добиете со претходна резервација и мала доплата. Одличен избор е за повеќе члени семејства поради комоцијата која ја нудат овие бунгалови, како и можноста да доживеете „шума на плажа“.

Хотелот изобилува со забавни програми за деца и возрасни во текот на целиот ден, натпревари, вечерно шоу, музика во живо и многу специјални концепти за забава. Важен е и да се спомене мини клубот за деца од различни возрасни групи, од 4 – 16 години. Па, доколку сакате „All Inclusive“ искуство во несекојдневна варијанта и луксуз на ниво, можеби токму овој хотел е вашиот избор.

 

 

 

 

3. Siam Elegance

„Siam Elegance“ е еден од најуникатните хотели во оваа област. Инспириран од азиската култура, неговата архитектура го мами погледот на секој турист. Хотелот се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на градот.

Како и останатите хотели, има своја песочна плажа, на која гостите во хотелот можат да ги користат лежалките и чадорите бесплатно. Има внатрешни и надворешни базени, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, терен за одбојка на плажа, мини голф, пинг понг. Исто така доколку сакате да уживате во прекрасна храна можете слободно да ги посетите: Samui – главниот ресторан со шведска маса, À la Carte рестораните – La Luna (италијански), Khun Mac (кујна од далечен исток), Sarai (рибен), Osakbasi турски, Sushi bar и ресторанот за закуски.

„Siam Elegance“ е веќе неколку години избор на многу македонски туристи, кои со нетрпение чекаат да му се вратат следната година, па зошто да не биде и ваш избор ова лето?

 

 

 

 

4. Susesi Luxury Resort

Хотелот се наоѓа во Белек на 35 км од аеродромот и 40 км од центарот на Анталија. Важи за еден од топ луксузните хотели во Анталија, што поради неговиот изглед, но и врвните понуди и услуга. Најмалите соби се со големина од 40м², а најголемите се фамилијарните триплекс соби со големина од 115 м².

Плажата е целосно песочна и функционира на ист принцип како и останатите хотели. Доколку одите со деца, овој хотел исто така може да биде добра опција поради забавните програми и надворешните и внатрешните спортски терени и базени, кадешто деноноќно се нудат различни активности. Хотелот има и аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениско игралиште, пинг понг, мини фудбал, сквош, одбојка на плажа и простор за гимнастика. Да не ја заборавиме и ултра вкусната храна и баровите кои ви се на располагање во текот на целиот ден и до доцна во ноќта. И овој хотел функционира на принципот „All Inclusive“ со тоа што се доплаќаат персонални тренинзи по спорт и приватни часови.

 

 

 

 

5. Well Palace Side

Хотелот се наоѓа во Евренсеки, на 6 км од Сиде и 50 км од аеродромот во Анталија. Нема директен излез до плажа, но таа се наоѓа на само 400 метри и на секои 10 минути има директен бесплатен превоз од хотелот до плажата и назад.

И тука има 24 часовна услуга за храна, што значи дека и на плажата, која е во сопственост на хотелот, има бар со закуски кадешто би можеле да одите до 18 часот. Генерално превозот од и до плажата се врши до 18 или 18:30 часот.

Забавни програми има во текот на целиот ден, како на пример: натпревари на плажа и покрај базен, вечерни шоу програми, мини клуб за деца од 4-12 години со различни активности и програми, мини диско навечер, детско кино. Освен за најмалите, загарантирана е забава и за повозрасните на отворениот и затворениот базен, диското, фитнес центарот и спортските терени. И овој хотел функционира на принципот „All Inclusive“.

„Well Palace“ е хотел кој целосно ќе ги задоволи вашите потреби и тоа по супер поволни цени.

 

 

 

 

6. Amara Premier Palace

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 18 км до центарот на Кемер, 40 км од аеродромот во Анталија. Совршен за парови кои сакаат своето време тука да го поминат уживајќи во прекрасната природа и плажа, „Amara Premier Palacе“ нуди сѐ што ви е потребно за релаксација.

Хотелот освен што располага со фамилијарни и дуплекс апартмани, има и апартмани за меден месец кои се совршени за млади брачни парови, а во него тие можат да уживаат и во свој приватен базен и џакузи.

Хотелот си има своја плажа со ситен песок и гостите овде можат да ги користат сите удобности на истата бесплатно. Секако не треба да се заборават да се споменат и внатрешниот и надворешниот базен, парната бања, спа центарот, терените за спорт и фитнес центарот кои нудат услуга и квалитет на високо ниво.

Иако овој хотел е повеќе посетуван од парови, „Amara“ е одличен избор и за оние со деца, бидејќи ги нуди сите атракции специјални за деца, како и поголемиот број на хотели во Анталија.

 

 

 

 

7. Terrace Elite Resort

Хотелот се наоѓа во областа Гундоду на 13 км од Сиде и 52 км од аеродромот во Анталија. Модерен и функционален, овој хотел ги нуди сите удобности кои ви се потребни на многу едноставен начин. Располага со отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, пинг-понг, одбојка на плажа, забавни програми за деца и возрасни преку целиот ден.

Приватната плажа на овој хотел се наоѓа на 600 метри од него и на секои 10 минути оди бесплатен превоз од  и до плажата, кој можете да го користите до 18: 30 часот. Плажата има барови и отворен ресторан кои секако се бесплатни за гостите од хотелот, поради тоа што и „Terrace Elite Resort“ функционира на принципот „All Inclusive“.

Има соби за 2, 3 или најмногу 4 лица распоредени во 4 блока. Најголемата фамилијарна соба е 38 м². Независно дали сте со партнер или поголемо семејство, овој хотел може да е вистинскиот избор за вас поради неговата едноставност и функционалност, а истовремето луксуз и квалитет на ниво.

 

 

 

 

Сите 7 хотели коишто ви ги издвоивме денес функционираат на систем „All Inclusive“, а кога резервирате пакет аранжман, покриен ви е и летот до дестинацијата и назад. За повеќе информации посетете го сајтот на „Фибула Травел“ и побрзајте да си го резервирате вашето место на некое од овие, совршени места во Анталија. „Фибула Травел“ и Турција ве очекуваат!

https://www.fibula.com.mk/search?geo=r81432&airports=SKP

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *