Фитнес тренерот Рејчел Атард споделува вежби за совршено вајан задник како нејзиниот, преку неколку практични вежби кои можете да ги правите и дома

Фитнес тренер од Австралија ги сподели своите три вежби за совршено извајан задник.

Рејчел Атард, од Сиднеј, објави видео на „Инстаграм“ во кое ги демонстрира вежбите, кои може да ги правите и дома.

 

 

 

„Овие вежби ги таргетираат сите три мускули во вашиот задник, без да ви растат нозете“, напиша таа.
Рејчел охрабрува да се стремите кон 15 до 20 повторувања на секоја вежба и да завршите помеѓу две до три рунди.

Во краткиот клип, таа започнува со правење сет на странични подигања на нозете и ги активира задните мускули.  Со едната рака зад главата, а другата цврсто ставена на земја, таа ги подигнува колковите за да ја почувствува напнатоста.
Следно, легнува на стомак со рацете спуштени под главата и истовремено прави „удари како магаре“ со двете нозе.

 

  

Нејзините стапала исто така се допираат за дополнителна рамнотежа и на тој начин ги зацврстува задните мускули.

Потпирајќи се на рацете и колената, Рејчел полека ја движи секоја нога една по една во кружни движења.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *