Фитнес ѕвезда на „Инстаграм“ преку лични фотографии, ни ја открива тајната зошто нашите тела изгледаат поинаку во текот на денот
Млада девојка која е личен тренер откри колку различно може да изгледа нејзиното тело за неколку часа – и зошто не и се допаѓаат објавите „Инстаграм наспроти реалноста“.
Адриана Блан, од САД, ги сподели сликите со своите 100.000 следбеници за да покаже како да се чувствувате поудобно со тоа како вашето тело може да изгледа под различни услови.
24-годишната девојка вели дека ако се помирите со тоа како изгледате со различно осветлување, агли и пози може да ја подобрите сликата за вашето тело повеќе отколку да гледате „вистински“ слики на фит инфлуенсери на интернет.

На првата слика, таа носи розе бикини во затворен простор, а потоа се покажува подоцна истото утро во истиот костим за капење на плажа. На пладне, таа се фотографира во соблекувалната во продавница за облека за долна облека, а потоа повторно попладне за време на тренингот, кога изгледа послабо.
Адријана порано се борела со изгледот на своето телото, но вели дека го променила начинот на кој се гледа себе си откако си ги разјаснила овие работи, што денес ние ги споделуваме со вас.
„Сето ова сум јас со разлика од само неколку часа“, напиша застапничката за боди-позитивност во долгата објава на нејзиниот популарен „Инстаграм“ профил“.


Коментирај анонимно