Flash Falcon е концепт на двокатен авион на нуклеарен погон кој ќе лета од Лондон до Австралија за само 4 часа
Со овој неверојатен концепт на суперсоничен авион, целодневните летови на долги релации можат да станат минато.
Flash Falcon е амбициозен двокатен авион на нуклеарен погон кој може да превезува до 250 патници со брзина до 3 маха, односно 3700 километри на час на височина од 18 километри.
Ваквите брзини би го намалиле летот од Лондон до Австралија на само четири часа, а трансатлантскиот лет до Њујорк на 90 минути.
Денес не се користат комерцијални суперсонични патнички авион, откако последниот Конкорд беше повлечен од употреба во 2003 година по 27 години во служба.
А амбициозниот шпански дизајнер Оскар Виналс верува дека технологијата би можела да се врати во наредните децении.
Неговиот концепт Flash Falcon покажува колку може да биде удобна, брза и ефикасна следната генерација на суперсонични авиони.
Виналс верува дека суперсонични авиони би можеле повторно да го освојат небото до 2030-тите и се надева дека технолошкиот напредок ќе ги направи авионите достапни, тивки и еколошки.
Иако вели дека дизајнот е „хипотетички“ во оваа фаза, тој се надева дека ќе постави реален концепт за авиони со голема брзина во блиска иднина.
Uste edna eskurzija na mozokot ….!!!!??????????
Коментирај анонимно