Фосилизирана повраќаница стара 66 милиони години пронајдена во Данска – прогласена за национално богатство

Нешто е труло во државата Данска.

Или поточно, пред 66 милиони години, велат Данските научници, кои неодамна објавија дека на карпите Стевнс – живописна крајбрежна локација на еден час од Копенхаген – е откриена фосилизирана повраќаница од древна ајкула.

Оваа повраќаница останала таму доволно долго за да се претвори во фосил – незабележана сè до ноември минатата година, кога љубител на фосили налетал на ова бизарно и фасцинантно откритие.

 

Необичната приказна започнува во периодот на креда кога ајкула или суштество слично на ајкула очигледно не уживало во својот оброк составен од криноиди.

„Криноидите и не се баш најдобра храна, бидејќи речиси целосно се составени од скелет,“ објасни д-р Јеспер Милан, куратор во Геомузејот Факсе во Данска, каде што ќе биде изложен овој некогашен несварен оброк.

„Затоа, ајкулата јадела што можела, а остатокот го повратила,“ додаде тој.

 

 

Оваа смрдлива временска капсула ја открил локалниот ловец на фосили Петер Бенике, кој редовно талка по белите варовнички карпи – геолошки локалитет заштитен од УНЕСКО – во потрага по интересни наоди.

Д-р Милан смета дека оваа фосилизирана содржина најверојатно потекнува од ајкула што живеела на морското дно.

Холандскиот експерт за Криноиди, Џон Јагт, во писмена изјава за USA Today потврди дека остатоците се состојат од „две различни видови Криноиди споени во грутка“.

Наодот главно е составен од нивните „неспојливи скелетни делови“, пренесува медиумот.

Научниците веруваат дека ова чудно откритие би можело да даде нови информации за животот во периодот на креда.

Кон крајот на тој период, Европа била архипелаг со повисоки морски нивоа.

Научниот термин за фосилизирана повраќаница е регургиталит.

Изненадувачки, ова не е најстариот таков примерок – д-р Милан посочува дека во Германија е откриена уште постара фосилизирана повраќаница, стара дури 150 милиони години.

Наодот веќе е класифициран од Данска како објект од „исклучително природно-историско значење“.

Тоа значи дека повраќаницата ѝ припаѓа на Данска – и не е на продажба.

„Ова е најпознатото парче повраќаница во светот,“ изјави д-р Милан за The Times.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *