Фризерка се откажа од својата работа за да заработува 1 милион фунти годишно, од своето тело

Кајли Бајс, 32-годишна поранешна фризерка од Велика Британија, се откажа од својата работа и започна да заработува милиони продавајќи фотографии, секако експлицитни. Првото интервју го дала во нејзината луксузна вила во Аликанте (Шпанија), која Кајли ја заработи за само една година работа во индустријата за „возрасни“.

Таа првин поседувала фризерски салон кој ѝ носел околу 20.000 евра профит годишно. Но, откако започнала пандемијата поради мерките морала да стави клуч и да бара друг начин на егзистенција. Така дошла до идеја да направи профил на OnlyFans и за брзо време стекнала мрежа на обожаватели.

„Отпрвин бев многу несигурна, имав проблеми со самодовербата. Благодарение на популарноста, сè се смени. Навистина ми се допаѓа тоа што го работам. Некои луѓе сметаат дека треба да се срамам, но всушност сум горда. Да се ​​биде гол е нашата природна состојба. Ми дава самодоверба и ме прави среќна “, вели Кајли Бајс.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.