Фудбалската легенда Пеле (82) хоспитализиран поради оток во телото и срцева слабост. Цел свет испраќа пораки и се моли за негово побрзо оздравување

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле е примен во болница поради оток по целото тело и проблеми со срцето.

 

 

82-годишникот, кој моментално е на третман за метастатски рак, отишол во болницата „Алберт Ајнштајн’ во Сао Паоло во вторникот на непланирана посета, според „ESPN Brasil“, кој ја опишува состојбата на Пеле како „изнемоштена“.

Откако бил однесен од неговата сопруга Марсија Аоки и негувател во болница, медицинскиот персонал ја потврдил неговата состојба на анасарка (општ оток), едематозен синдром (општ едем) и идентификуваше „декомпензирана срцева слабост“, што предизвикува функционално ограничување на срцето.
Исто така, се соопштува дека неговиот третман со хемотерапија повеќе не функционира. Исто така, му била дијагностицирана психичка конфузија при влегувањето во болница, каде што станал немирен.
Пеле денеска треба да биде подложен на неколку тестови за понатамошна проценка на органите кои биле погодени од метастазираниот рак.

 

Поранешниот фудбалер, наводно, се бори да јаде, додека лекарите треба да ја разгледаат веројатноста тој да има хепатална енцефалопатија – нарушување на нервниот систем предизвикано од тешко заболување на црниот дроб.

Во четвртокот беше доставено ажурирање во кое се наведува дека Пеле сега е во „стабилна состојба“ и „во целосна контрола на виталните функции“.

 

Нема временска рамка за престојот на Пеле во болница, а неговата сопруга и негувател се покрај неговиот кревет.

Сепак, ќерката на Пеле, Кели Насименто, која не е во Бразил, во средата инсистираше на тоа дека нема потреба од тревога и дека приемот на нејзиниот татко во болница „не е изненадување или итен случај“.

Таа објави на „Инстаграм“: „Многу паника во медиумите денес во врска со здравјето на татко ми. Тој е во болница и регулиран на лекови. Нема вонредна или нова страшна прогноза. Ќе бидам таму за Нова Година и ветувам  дека ќе објавам неколку слики“.

Пеле минатата година беше хоспитализиран шест дена и беше опериран за отстранување на тумор на дебелото црево. Веб-страницата „Глобо“ во Бразил објави дека Пеле бил на рутински прегледи во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло кога бил откриен неговиот проблем.
„Мои пријатели, многу ви благодарам за убавите пораки“, напиша тој на „Инстаграм“.

„За среќа, навикнат сум да славам големи победи покрај вас. Овој натпревар ќе го дочекам со насмевка на лицето, многу оптимизам и радост за животот опкружен со љубовта на моето семејство и пријателите“.
Во 2020 година, синот на Пеле рече дека неговиот татко бил во депресија поради неговото лошо здравје и не сакал да ја напушти куќата бидејќи не може да оди без помош, иако Пеле подоцна јавно ја демантираше таа изјава.

Пеле се смета за еден од најголемите фудбалери во историјата и е единствениот играч кој освоил три Светски првенства.

Тој постигна 655 гола во 700 натпревари во клупската кариера, додека за Бразил постигна 77 голови во 92 натпревари.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *