Генијалците од Аризона со рефлектирачка боја го изладија асфалтот, но никому не му текна дека воздухот над него ќе се загрее уште повеќе

Климатските промени се тука, а сегашниот однос на ЕПА вероватно значи дека ке останат тука. Во градови како Феникс, Аризона, каде што и онака е исклучително жешко, локалните власти експериментираат со мерки што треба да го одржат коловозот малку постуден, пренесува „The Economic Times“.
Првите резултати покажуваат дека површината навистина се лади како што било планирано. Но се појави и несакан ефект: одбиената топлина го прави воздухот веднаш над асфалтот уште потопол.

Град од 1.339 квадратни километри што расте низ пустината

Според „The New York Times“, Феникс е градот со најбрз раст во САД. По површина е дури поголем од Лос Анџелес, а се ширел повеќе нанадвор отколку нагоре, затоа што отворената пустина околу него го направила урбаното ширење најлесниот пат.
Големите асфалтирани површини, градски улици, паркинзи и автопати, создаваат силен топлински остров. Тие ја впиваат и ја задржуваат топлината преку ден, а потоа ја зрачат навечер, што предизвикува здравствени проблеми и оштетувања на инфраструктурата.
Дури и Одделот за транспорт на Аризона во лето главно работи ноќе за да ја избегне жештината, според НПР.

Град од 1.339 квадратни километри што расте низ пустината

CoolSeal од 2020 година ја намали попладневната жештина на коловозот за 5,8 степени

Токму затоа Феникс, во партнерство со Државниот универзитет во Аризона, ја започна програмата „Cool Pavement Program“. Во неа се тестираат рефлектирачки премази како CoolSeal, за да се види како влијаат врз температурите на патиштата и паркинзите.
Резултатите во целина се позитивни. На пладне, третираните површини се постудени за 6,7 степени во споредба со нетретиран асфалт.
Под површината, просечната разлика е 2,7 степени. Тоа му помага на коловозот да трае подолго, наместо побрзо да се распаѓа под постојана жештина.

Она што е добро за коловозот ги пече пешаците уште повеќе

Рефлексијата ја чува земјата постудена, но топлината не исчезнува. Наместо да се впие во подлогата, таа го загрева воздухот веднаш над неа, зголемувајки ја температурата блиску до површината за околу 3,1 степени.
Така, мерка што е добра за инфраструктурата и за намалување на топлинскиот остров во поширока смисла, во текот на денот може да биде полоша за луѓето што одат пеш.
Ефектот личи на она што му се случува на телото кога сте на сонце на снежна планина или кога се возите со чамец по вода. Полесно изгорувате, затоа што сонцето не пага само одозгора, туку се одбива и од површината под вас.

Во пустински град не можеш бескрајно да бегаш од жештината

Крај вода или на снег, непријатноста може да се избегне со повеќе крема за сончање или едноставно со заминување од местото.
Но во пустински град среде лето, топлината не може да се избегнува неограничено. Во еден момент мора да излезете од климатизиран дом, работно место или автомобил.
Кога воздухот веднаш над површината е потопол преку ден, луѓето имаат уште помалку време безбедно да се движат од една постудена средина до друга.

По зајдисонце на 1,8 метри висина воздухот беше постуден за 0,3 степени

Позитивната страна се гледа ноќе. По стемнување, асфалтот ја зрачи топлината што ја собрал преку ден и затоа температурите остануваат високи долго по заоѓањето на сонцето.
Пониската ноќна температура над третираните површини покажува дека премазот не впива толку многу топлина. Со тоа се намалува вкупниот ефект на урбаниот топлински остров.
Решението функционира, но цената е повисока температура на воздухот блиску до површината преку ден. Дали вреди таа размена? Бидејки современите градови се направени за автомобили, а не за луѓе, одговорот вероватно ке биде да.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *