Германец го најмил Мујо да ги обележи патиштата (виц)
Еден Германец го вработил Мујо да ја бојадисува белата линија на средината од патот.
Првиот ден Мујо обоил четири километри. Газдата бил презадоволен и сакал да му покачи плата, ама си рекол дека е рано уште првиот ден.
Вториот ден Мујо обоил само еден километар. Газдата малку се зачудил, па си помислил дека можеби колегите му рекле да не ја крева нормата.
Третиот ден Мујо обоил само 150 метри. Газдата го повикал во канцеларија и му рекол:
– Мислев да ти покачам плата поради оние четири километри првиот ден, а ти падна на само 150 метри!
Мујо му одговорил:
– Еее, газда… па размисли малку колку далеку ми беше кантата третиот ден!


Коментирај анонимно