Германија се балканизира: Некој нацртал џиновски пенис на покривот на основно училиште, па сега властите очајно се обидуваат да го прикријат

Властите во Берлин се обидуваат да прикријат огромен пенис нацртан на покривот на едно училиште.

Овој „двојник“ на фалусот наводно бил насликан уште во 2022 година на училиштето Free Waldorf во населбата Кројцберг, објави Metro. Со своите 20 метри должина, ова џиновско ремек-дело е толку големо што може да се види дури и на Google Maps.

 

 

И покрај своите епски размери, ова несоодветно улично уметничко дело е прилично едноставно. Можеби големиот талент на уметниците лежи во некое друго поле, не во сликањето?

Сè уште не е познато дали ова монументално уметничко дело е создадено од улични уметници или ученици, но властите веќе се обиделе да го прикријат со фарбање на рабовите – обид кој очигледно не успеал да ја скрати оваа „долга приказна“.

 

Сепак, формата на половиот орган останува јасно видлива на покривот на училиштето, кое работи според образовниот систем развиен во 1900-тите од австрискиот социјален реформатор Рудолф Штајнер.

На својата веб-страница, училиштето наведува дека на учениците им нуди „простор за развој на креативноста, слободното размислување и индивидуалната личност“, пренесува Daily Mail.

„Кројцберг е алтернативен, разновиден и постојано во движење – исто како што сме ние како училишна заедница,“ додаваат од училиштето.

 

  • vorbelutrioperbir напиша:

    You made some first rate factors there. I looked on the web for the issue and found most people will associate with along with your website.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *