„Ги игнориравме „лажните“ маилови за лотарија, сега добиваме 12 илјади долари месечно до следната година“

Двојка од Англија ги игнорирала пораките од Националната лотарија со недели, верувајќи дека известувањата дека добиле џекпот се само некоја лага или „спам“.

Џејмс и Сали Бригс не биле убедени дека фатиле лотарија во вредност од повеќе од 145.000 долари, сè додека не добиле четврта е-пошта во која пишувадека фатиле џекпот на 3-ти август.

 

Сега тие го исплатиле својот автомобилски заем и планираат да купат влезна врата, нов лаптоп и часовник за Џејмс, да инвестираат во имот и да патуваат во Ванкувер. Сали сака дури и „шупа“ за нејзините уметнички материјали, кои моментално се расфрлани низ нејзиниот дом.

„Кога би можела да имам соба за себе, животот би бил многу полесен и би можела да бидам покреативна“, изјави таа.

Освојувајќи ја лотаријата Бригс ќе примаат на сметка повеќе од 12.000 долари месечно за една година.

42-годишниот Џејмс, кој играл Set For Life тип на лото уште од неговото основање и ги купува гребките еден месец однапред, рече дека добил е-пошта, но дека бил премногу зафатен и мислел дека не е важна

Било недела, 9 октомври, и Џејмс отворил една од е-поштата за да ја прочита додека лежел пред телевизорот, не сигурен дали предупредувањето е спам или вистинито.

 

„Не ѝ кажав ништо на Сали, но решив да се јавам на линијата на Националната лотарија следниот ден и да видам дали сите овие пораки се вистинити. Се јавив следното утро, сè уште се прашував дали тоа е реално, но, откако разговарав со различни луѓе и видов сè на апликацијата, конечно сфатив дека тоа навистина може да биде вистина“, се сеќава Џејмс.

Потоа, тој ѝ испратил порака на сопругата да ѝ каже дека „има некои новости“. Сали, пак, испаничила како и секоја жена, мислејќи дека има итен случај или проблем – потоа дознала дека го постигнале џекпотот и била во „тотално неверување“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *