„Ги имам најголемите усни на светот откако потрошив над 200.000 евра, но сакам уште! Пластичната хирургија ми е хоби“ – ви претставуваме уште еден амбициозен ТАЛЕНТ на OnlyFans
Софија Липс е модел на ОnlyFans НОРМАЛНО, и има 27 години. Живее во Манчестер со верување дека ги има најголемите усни во светот за кои дала над 200.000 евра. Сега таа сака да стане светски позната по големината на нејзините усни, па добро кога не може по големината на мозокот може и вака.


Претходно, таа се најде на насловните страници откако на своите 11.000 следбеници на Инстаграм им го покажа својот огромен задник. Многу од обожавателите на Софија беа загрижени од нејзините отечени усни, кои држат преку 100 ml филер. Софија ги надополнува усните на секои два месеци, понекогаш и самата инјектира филер. Севкупно, низ нејзините различни процедури, таа потрошила околу 200.000 евра – но сè уште не завршила со подобрување на нејзиниот изглед.
Софија, која вели дека пластичната хирургија е нејзиното „хоби“, има направено и две зголемувања на градите, две бразилски подигања на задникот (BBL) и трансплантација на коса.

„Можеби еден ден ќе се разбудам и ќе одлучам дека повеќе не сакам да изгледам лажно – но засега, ми се допаѓа“.
Многу процедури за пластична хирургија се неповратни или носат ризик од сериозни компликации. Секогаш проверувајте ги упатствата на NHS пред да резервирате дури и мала процедура.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

ovaa da ti izleze vo nekoe temno sokacce ima od pamet da te izvadi, vidi kakva deformirana e a toa ustata… neznam zar se misli deka e wow???
grozota
Коментирај анонимно