„Ги прати моите фотографии во групна порака“ – Ѕвезда на OnlyFans откри како нејзиниото семејство се одрекло од неа откако роднина го нашол нејзиниот профил

Кајла Џејд која живее во Австралија и е во првите 0,1 отсто од креаторите на веб-страницата Only Fans, првпат ја отворила својата сметка минатата година. Таа одлучила да не „крие“ од пријателите и семејството, но исто така внимавала и направила други профили на социјалните мрежи за да ја промовира нејзината содржина.

 

Но, како што растела нејзината популарност, нејзините најблиски почнале да ја гледаат нејзината работа, што довело до семејно несогласување кога еден роднина „45-годишен маж“ платил за да ја види нејзината содржина, пред да испрати слики на остатокот од нејзиното семејство.

„Не се криев, но и исто така не им го „пикав“ во лице тоа што го правам. Како што минуваше времето, станував се попозната, а луѓето почнаа да ги гледаат моите работи “, објасни австралиската „ѕвезда“.

 

Кајла исто така додаде дека таа може да се најде само ако луѓето ја бараат така да сигурна е дека членовите од нејзиното семејство така ја нашле.

Ѕвездата додаде дека нејзината мајка и сестра се „премногу исплашени“ да се соочат со неа за тоа, и наместо тоа, го натерале нејзиниот татко да зборува со неа. Изненадувачки, нејзиниот татко бил „супер поддршка“ и „приземјен“.

 

Но, подоцна друг член на семејството – кој таа не го именуваше, но рече дека е „45-годишен маж“ го нашол нејзиниот профил. Роднината потоа сликите од нејзиниот профил ги испратил на групна конверзација на семејството.

„Не требаше да биде толку агресивен, можеше само да им каже. Потоа добив порака од друг член на семејството, кој целосно се одрекува од мене. Ме избришаа од секоја платформа на социјалните медиуми и не зборуваа со мене цела година. Бев повредена, но ми беше мило што ја исфрлив таа токсичност од мојот живот“, продолжи таа.

Кајла додаде дека „некогаш се грижела“ што мислат луѓето за неа, но сега не и „не може да биде посреќна“.

 

Подоцна, таа налетала на членот на семејството и се соочила со него.

„Се соочив со него за тоа. Тој тоа не го призна, ги обвинуваше другите луѓе, не можеше да се справи со своите постапки. Мислам дека кога на луѓето ништо не им се случува во нивните животи, тие само почнуваат драма. Начинот на кој луѓето се однесуваат кон сексуалните работници е одвратен. Никакво почитување на приватноста, ние сме тука за да заработуваме и живееме, последното нешто што ни треба е луѓето да го истражуваат нашиот живот“.

  • Тутурутка напиша:

    А тој первертот што платил да си ја гледа роднината на Само За Фанови, не се откажале од него?

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Тутурутка Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *