Ги претворив јајцата од нашата семејна фарма во бренд вреден 77 милиони фунти „Сент Ју“, една од најбрзорастечките компании во Британија

Ребека „Бекс“ Тонкс буквално го изгради своето бизнис-царство врз обичното јајце. Со фокус на иновации и одржливо производство, оваа педесетгодишна претприемачка за две децении претвори споредна живинарска дејност на млекарската фарма на нејзиното семејство во голема британска прехранбена компанија: „Сент Ју“ (St Ewe Free Range Eggs).

Ги претворив јајцата од нашата семејна фарма во бренд вреден 77 милиони фунти „Сент Ју“, една од најбрзорастечките компании во Британија

„Јајцето не е само обично јајце“ и во оваа приказна цената почнува од 32 пени

Како што вели самата Тонкс, тоа е врвен извор на протеини што нуди одлична вредност и квалитет во секоја ценовна категорија, особено во време кога семејните буџети се под притисок. Во зависност од пакувањето, најлуксузната опција е големо јајце со збогатена жолчка (Rich Yolk), кое чини 58 пени.

„Јајцето не е само обично јајце“ и во оваа приказна цената почнува од 32 пени

140 вработени пакуваат јајца од 1,3 милиони кокошки на 55 партнерски фарми

Денес „Сент Ју“ сè уште е во семејна сопственост, со седиште во Труро, Корнвол. Компанијата пакува и продава дури 300 милиони јајца годишно. Тие јајца доаѓаат од кокошки што слободно пасат на ливадите на независни партнерски фарми.

140 вработени пакуваат јајца од 1,3 милиони кокошки на 55 партнерски фарми

88 отсто раст за три години ја качи „Сент Ју“ меѓу 100 најбрзорастечки британски фирми

Како резултат на продуктивноста и претприемачкиот дух на Тонкс, компанијата оваа година се најде на престижната листа на најбрзорастечки британски фирми. Продажбата достигнала обрт од 77 милиони фунти. Редовни купувачи се големите синџири супермаркети „Теско“ (Tesco), „Сеинсберис“ (Sainsbury’s), „Морисонс“ (Morrisons), „Асда“ (Asda) и „Окадо“ (Ocado), а дури 30 отсто од целокупното производство денес оди во елитните хотели и ресторани. Славниот готвач Мишел Ру е голем обожавател на овие јајца, а луксузниот лондонски ресторан „Ланганс брасери“ (Langan’s Brasserie) гордо го истакнува брендот „Сент Ју“ на своето мени за појадок.

Во 2004 година млекото веќе не ги покривало сметките

Тонкс ја презела фармата од своите родители Ричард и Кристин, откако претходно работела како агент за недвижности и менаџер на паб.
„Производството на млеко повеќе не можеше да ги покрие сметките. Затоа се свртевме кон нашите кокошки од слободно одгледување. На почетокот нашите јајца ги товаравме во камиони за да се пакуваат и продаваат под туѓо име на друго место“, се присетува таа.

Темно-сините кутии се родија кога децата на Тонкс ги полнеа рачно

Во 2007 година почнале да се отвораат локални фармерски пазари и интересот за етички произведени јајца нагло пораснал.
„Сакавме точно да знаеме каде завршуваат нашите производи. На почетокот моите деца рачно ги полнеа кутиите, додека јас и мајка ми ги доставувавме јајцата на задната врата од супермаркетите“, вели Тонкс.
Тој чекор го поставил темелот на брендот, препознатлив по впечатливите темно-сини картонски кутии.

3,6 милиони фунти, нов погон и академија за млади земјоделци во Корнвол

Преминот од регионално кон национално работење донел и бројни предизвици. Тонкс признава дека на почетокот не било воопшто лесно да се стекне довербата на постарите фармери мажи, кои не биле навикнати да преговараат со млада жена на чело на компанијата. Сепак, нејзиното мото дека „колку е поголем предизвикот, толку е поголема желбата за успех“ помогнало да се променат тие ставови.
Со поддршка од банката „ХСБЦ“ (HSBC) и владин грант преку Советот на Корнвол, компанијата во 2022 година отвори современ погон за сортирање, преработка и пакување, како и сопствена академија за обука на млади земјоделци. Како страстен поддржувач на домашното земјоделство, Тонкс вели дека во Велика Британија годишно се консумираат 14,5 милијарди јајца, во просек по 209 по жител, а тајната на нејзиниот успех отсекогаш била едноставна: „луѓето и кокошките секогаш да бидат на прво место“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *