„Ги пробав некои од најчудните пици што можат да се најдат и направив ранг листа за нивниот вкус – нема да ви се верува која е победникот“
Од кори намачкани со кари, лазањи и целосен англиски појадок врз пица, пицериите низ светот нудат различни видоизменети рецепти на пица.
Инфлуенсерката Хејли Мин реши да проба некои од почудните пици и да ги оцени со оценки од 1 до 5.
Пилешка тика и лути чили пиперки
„И покрај тоа што е пилешка тика пица, што е дефинитивно необично, оваа на прв поглед не изгледаше премногу креативно – прелиена со пилешко и чили, што не е ништо ново.
Но, мирисите што излегуваа од неа беа многу слични на мирисите на индиско јадење, па бев возбудена да пробам. Веднаш штом го каснав првиот залак, се „удавив“ во вкусови.
Ако сте љубители на зачини, ова е за вас, бидејќи пиперките овде се сериозно лути“.
Оценка 3/5
Бранч пица
„Оваа пица има јајце во средината, плус сланина, колбаси, печурки и домати, се што сакате во доручек или бранч.
Никогаш не сум сакала јајце на пица, но, откако го јадев ова, морам да кажам дека навистина одговара. И сланината беше убаво испечена, а сите вкусови одлично се соединија.
Бев запрепастена кога видов како целосен англиски појадок се најде на пица, но набргу потоа ја најдов оваа комбинација во друг ресторан, па се чини дека има повеќе од еден готвач со истата идеја“.
Оценка 4/5
Пица со пилешки филети
„Додека пилешкото на пица не е толку необично, лондонскиот синџир „Japes“ става цели парчиња на своите пици и ги полни корите со сирење. Количината на слаткото, стопено задоволство во секое парче беше неверојатна, иако можам да замислам дека може да биде премногу за многу луѓе.
Можеби не е изненадувачки што јадете само четири парчиња од оваа пица кога има толку многу сирење“.
Оценка 3/5
Пица со виршла и помфрит
„Сакам помфрит чипс, виршли и пица, но никогаш не би помислила да ги соберам сите заедно за оброк. Токму тоа го направи „Pizza Pilgrims“, еден од моите омилени синџири за пица. Мојот прв впечаток беше колку непривлечно изгледаше, особено што помфритот што беше фрлен најгоре на пицата.
Мислев дека вкусот ќе биде подобар, но за жал не беше. Со оглед на тоа што беше виршла и помфрит, ми требаше малку кечап – и чудно, оваа пица не вклучува ни домат на неа.
Едноставно не“.
Оценка 2/5
Бранч пица, број 2
„За разлика од претходната Бранч пица, тука јајцето беше поиспечено, имаше многу повеќе сланина и колбаси И вкусот беше подобар.
Навистина се чувствував како да јадам пржено. Ова навистина ме натера да мислам дека целосниот англиски појадок на пица и не е толку лоша комбинација. Единствено што недостасуваше беше тавче гравче.
Вкусно. Мојот победник“.
Оценка 5/5
Лазања пица на Доминос
„Сакам „Доминос“ и сметам дека никогаш нема да погрешите со нив. Но, не сум сигурна колку навистина е иновативна оваа пица. Се вика „The Ultimate Lasagne pizza“, но тука нема тестенини. Добивате само говедско месо, домат и сирење, што навистина не е толку необично за пица.
Исто така, почувствував дека вкусот не беше толку добар како на некои други, и ѝ требаше малку повеќе арома или сос.Сосема разочарувачки од мојата омилена пицерија“.
Оценка 2/5
Гледам и не ми се верува… Не ја пробал пицата „Нумеро Уно“ – ПИЦА БУРЕК!
Коментирај анонимно