Гитара која 50 години собирала прашина на таванот, се продаде на аукција за 2,9 милиони долари

Кога новите сопственици на куќа во британска провинција се доселиле, откриле стара заборавена гитара на таванот. Тие се обратиле кај специјалистите на аукциската куќа Julien’s Auctions, коишто брзо утврдиле дека тоа е Framus 12-String Hootenanny Acoustic, гитара која му припаѓала на Џон Ленон во средината на 1960-тите.

Ова е всушност инструментот што го користат Битлси во филмот Помош! Гитарата се појавува и на многу фотографии на бендот од нивните сесии за снимање во 1965 година. Се верува дека Ленон му ја дал Фрамус на музичарот Гордон Волер, кој пак јатарата му ја дал на еден од неговите менаџери. Поради некоја причина, тој ја ставил на таванот на неговата куќа, каде што одлежала дури половина век.

Гитарата била пронајдена со нејзината оригинална футрола, која исто така била дел од аукциската продажба.

„Оваа гитара не е само парче од музичката историја, туку и симбол на трајното наследство на Џон Ленон“, рече извршниот директор на аукциската куќа Дејвид Гудман по успешната продажба за неверојатни 2,9 милиони долари.

  • Васе напиша:

    Ми дадовте идеја со темата! Живееме во куќа и на таван не сум се качил повеќе од 30 години! Го направив тоа и очекував дека ќе најдам: злато во ковчег, скриено богатство, гитара од Влатко Стефановски… Излезе ПРАШИНА!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Васе Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *